Поставени се нови хранилки во Националниот парк Пелистер

24.12.2024
Прихрана на дивеч во зимскот период што се спроведува во декември и јануари, поради недостигот на храна во природата.
Прихраната ја вршиме со пченка,пченица, крупна сол и минерали за ситниот дивеч и крупниот дивеч. Стотина килограми сено и зрнеста храна се оставени на повеќе локации за прихранување на ситниот прелетен и крупен дивеч, бидејќи од голем интерес за Н.П.П е заштитата во сите региони на територијата на паркот.

 

 

Новогодишниот базар “Вкусот на Пелистер”

16.12.2024
Инфоцентарот на Пелистер во новогодишно руво! Се е подготвено за новогодишниот базар “Вкусот на Пелистер” во рамки на Зимската приказна на Општина Битола во организација на ЈУНП Пелистер.
22.12.2024(недела), 11:00 часот, Инфоцентар на ЈУНП Пелистер

 

Реализирани активности од страна на Националниот Парк Пелистер

04.12.2024
Драги пријатели на планината и љубители на природата.
Со задоволство ве информираме за првите направени чекори во Националниот парк Пелистер во првите 10 дена. Поставивме 12 нови клупи на платото Копанки и Марково копито, извршена е санација на кровот на управната зграда, партерно е уреден Инфоцентарот на НП Пелистер и се отпочнати активности за приклучок на вода, реализирана е активност “Твоето време е твојот инпакт” со НВО Сфера Интернешенал во насока на подигнување на јавната свест за чиста околина и активно се вклучивме во расчистување на патот с. Магарево до Х. Молика, после обилните врнежи од снег.
Ова се почетнички чекори, но за нас многу важни поради поддршката од Општина Битола, јавните претпријатија АД ЕСМ и голем број на приватни стопанственици и локално население.
Изразуваме голема благодарност до сите Вас за поддршката, а во пресрет на новогодишните празници Ви најавуваме дека следат нови содржини.
ПЕЛИСТЕР -ONE MOUNTAIN, ONE LOVE

Целата галерија на следниот линк

Остварена средба со Претседателот на Велосипедска федерација на Турција и на Балканска федерација

01.12.2024
На ден 29.11.2024 година Директорот на ЈУ Национален парк Пелистер, а воедно и Претседател на Велосипедска федерација на Македонија Иванчо Тошевски, оствари средба со Претседателот на Велосипедска федерација на Турција и на Балканска федерација г-н Емин Муфтиоглу.
Заеднички со г-н Емин , остварија средба со д-р Биљаљ Суџубиши – главен извршен директор на ХАЛК БАНКА , и со д-р Беркан Имери – извршен директор на ХАЛК БАНКА , на која се договорија за идна подршка на македонскиот национален тим на ВФМ.
Со Министерот Борко Ристевски, се договорија за нова средба на министерско ниво за спорт и туризам помеѓу Македонија и Турција која ќе се одржи во Битола, со цел проширување на соработката помеѓу двете земји во повеќе области. Директорот на Н.П.Пелистер го презентираше потенцијалот кој го нуди Пелистер и поширокиот регион во делот на развој на туризмот.

 

Екологијата и свеста за животната средина започнуваат од младите генерации

20.11.2024
Националниот парк Пелистер продолжува со еколошка едукација и подигање на јавната свест кај учениците за заштита на природата, развивање на позитивни еколошки практики и однесување во природа.
Ученици од ООУ,, Славко Лумбарковски ” – Новаци.
Наставници :Анета Соклевска, Соња Ристовска, Олгица Соклевска, Валентина Јовановска , Аница Тодоровска, Андреа Гојковска Котевски, Александар Селвиевски, Николина Канзуровска и Сара Стојановска.
Едукатори: Виолета Сотировска и Елена Џима Терзиевска.

Целата галерија на следниот линк