Почва

Почви


Низ содејството на топографските и климатските фактори како и живиот свет во Националниот парк Пелистер се образувале три главни типови на почви: хумусно-силикатни (ранкери), кафеави шумски (камбисоли) и кафеави подзолести (бруниподзоли, браунизирани камбисоли). Во зоната обрасната со шумска вегетација, т.е. шумите од даб, бука и горска молика, присутни се кафеавите шумски почви со неколку вариетети или во разни еволуциони фази. Хумусно-силикатните почви се јавуваат во планинаската и предпланинаската зона, а поретко и во зоната на шумите. Кафеавите подзолести почви се ретки и застапени во предпланинската зона на местата обраснати со молика.