Клима

Клима


Југозападниот дел на Македонија каде е лоцирана планината Баба се одликува со умерено континентална клима.

Сепак, климата во Националниот парк Пелистер е типично планинска со оглед на надморската височина од над 891 m.

Зимите во Паркот се долги и снежни, додека летата се куси и свежи. Најстудени месеци се јануари и февруари, а најтопли се јули и август.

Врнежите се најголеми во октомври и декември, а во текот на мај се јавува уште еден максимум. Во текот на летото паѓаат 16,5% од вкупната годишна количина на врнежи.

Снежната покривка се задржува од ноември до април, во повисоките делови до крајот на мај, а во помали остатоци и до месец јули.

Мерења за количеството на врнежи и температурата во Националниот парк Пелистер биле вршени само во периодот 1932-1940 кога во Паркот постоела метеоролошка станица на локација близу Детското одморалиште.