Ден на Потпелистерски производи

ДЕН НА ПОТПЕЛИСТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ – ПРВ САЕМ НА ЛОКАЛНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Во организација на Општина Битола и локалната група за рурален развој, под покровителство на Градоначалникот Владимир Талески се одржа првиот саем на локални производи и услуги во потпелистерскиот регион.

   

Целта на саемот е преку промоција и продажба на локални традиционални производи да се создадат можности за развој на алтернативниот туризам, одржливо користење на природните ресурси и брендирање на традиционалните производи од регионот, со цел подобрување на животните услови на руралното население во потпелистерскиот регион.

На саемот се претставија преку 60 локални фармери, занаетчии, угостители и други домашни производители од четирите села: Дихово, Ниже Поле, Трново и Магарево.

ДЕН НА ПОТПЕЛИСТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ –ПРВ САЕМ НА ЛОКАЛНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

 

САЕМ НА ЛОКАЛНИ ПРОИЗВОДИ, УСЛУГИ И ПРОМОЦИЈА НА СТАРИ ЗАНАЕТИ „ДЕН НА ПОТПЕЛИСТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ“

Општина Битола  заедно со Здружението форум за рурална иницијатива ФОРИН ПЛУС, под покровителство на Грдаоначалникот Талески  и оваа година традиционално по 3-ти пат организираа настан „ДЕНОВИ НА ПОТПЕЛИСТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ“ во Црковниот двор на Св. Богородица село Трново.

     

На  настанот и оваа година  изложија свои производи стопански субјекти и индивидуалци од потпелистерските села Трново-Магарево, Ниже Поле, Дихово, Маловиште  Цапари, Ротино, Братиндол и останатите потпелистерски села. Покрај промоција на локални традиционални производи и услуги оваа година  се промовираа и традиционални стари занаети.

Целта на настанот е подобрување на животните услови  на руралното население во потпелистерскиот регион преку промоција и продажба на локални земјоделски и домашни производи, во насока на развој на алтернативниот туризам и одржливо користење на природните ресурси.

Саемот овозможува поголемо користење на традиционалните производи во секојдневието, иницирање на брендови на традиционални производи, зацврстување на врската на руралното население  и лиокалните бизниси што ќе овозможи отварање на нови работни места  и економски развој на регионот.

http://www.bitola.gov.mk/potpelisterskiproizvodi2010/