Изложби / Музеи

Инфо-Центар Пелистер – Постојана изложба – најзначајни видови флора и фауна во НП Пелистер

     

Во рамките на Националниот парк постои Информативен Центар, или Центар за посетители на локацијата „7 Кладенци“, или наречена  „Вилата на Лазо“ (1.350 м.н.в.). Центарот има основна намена да им даде информации на посетителите за основните обележја на Националниот парк, неговите вредности и природни богатства. Инфо-центарот работи 6 дена во неделата, освен во понеделник, и постои за да им дава упатства на посетителите за за користење на пешачките, велосипедските патеки и излетничките места.

     

Покрај другите информативни можности, и салата за органзирани средби и состаноци, Инфо-центарот располага и со постојана Изложбена постановка за богатството на флората и фауната во Националниот парк, како и за историските настани поврзани со Првата светска војна. Изложбениот простор има и мала колекција на препарирани животни, како и мал хербариум со најзначајните и ендемиччните растенија во НП Пелистер.

     

За заинтересираните посетители и организираните групи во Инфо-центарот се организираат презентации на определени теми, за популаризација на вредностите и природните богатства на НП Пелистер.