Етно Фестивал – Маловиште

Етно Фестивал – Маловиште

Овде, донесуваме некои од зачуваните линкови за написи во врска со овој фестивал:

ФЕСТИВАЛ НА ВЛАШКАТА КУЛТУРА ВО МАЛОВИШТА

На десетти август годинава, битолското село Маловишта беше домаќин на меѓународниот “Етно фестивал Маловишта 2003”, кој претставува веќе традиционална смотра на влашката култура и традиција. Фестивалот го организира Здружението за оддржлив развој на Маловишта и потпелистерските села ЕКЕ од Битола, во соработка со Месната заедница и Црковниот одбор од Маловишта и Комуната на Власите “Браќа Манаки” од Битола.

Овој мошне интересен настан се одржа под покровителство на градоначалниците на општина Цапари, г. Јордан Станиновски и на Битола, г. Златко Вршковски, а на него учествуваа културно-уметнички друштва од Македонија, Романија, Грција, Бугарија, Албанија и Србија, како и неколку уметници од Македонија.

Во рамките на фестивалот беше отворена и изложбата “Маловишта, традиција што трае” како дел од друг проект на здружението ЕКЕ, во рамките на програмата “Живо наследство” на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Фондацијата Крал Бодуен – Белгија.      М.И.

 

http://www.gragjanskisvet.org.mk/defaultf6c6.html?ItemID=4E231D4D4472844395D78FCF5994E3D0

 

Во Битолско ќе се одржи етно фестивал „Маловишта 2008“

Битола, 24 јули (МИА) – Во битолското, потпелистерско село Маловишта викендов по седми пат ќе се одржи традиционалниот етно фестивал „Маловишта 2008“.

– Фестивалот е организиран како смотра на влашката традиција и има за цел да го афирмира селото Маловишта како единствена населба во Националниот парк „Пелистер“, но и влашката култура, изјави на денешната прес-конференција во Битола Ристо Палигора, директор на фестивалот.

Според програмата, во петок навечер ќе биде отворена изложба со дела од „Мал битолски Монмартр“, мотивирани од пејзажите на Маловишта, како претходница на вечерта на влашката песна и музика.

В сабота, организаторите најавуваат вечер на влашката поезија, како и промоција на две книги.

– Годинава ќе ги промовираме книгите „Моловиште-Хронологија на селото“ од Нико Попникола и „Љубов кон татковината-одбрана поезија“ од Викторија Тола, рече Палигора.

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/457987/