Василичарски карневал во Цапари

Битола, 13 јануари 2012 (МИА) – Одборот за организација на традиционалниот Василичарски карневал што секоја година се одржува во потпелистерското село Цапари, денеска соопшти дека утре претпладне низ улиците во тоа село ќе продефилираат педесттина лица од различни возрасти под маски.

Според Јован Настевски, член на одборот, Василичарскиот карневал датира од педесетите години на минатиот век, кога одредени организатори имале и проблеми со тогашните власти кои не ја поддржувале оваа традиција на жителите од село Цапари.

   

– Годинава се пријавени повеќе учесници наспроти минатата година. Најавени се најразлични маски од учесниците на карневалот кои во 9 часот ќе се соберат на средсело, а потоа ќе минуваат низ сите селски улици каде ќе бидат пречекани од локалното население, но и гостите од Битола и други градови каде сега живеат многу цапарчани, истакна Настевски.

Одборот за организација на традиционалниот Василичарски карневал во Цапари очекува в година таа манифестација да добие поголема институционална поддршка, за да не се случи поради миграцијата на населението да згасне овој редок собир негуван и пренесуван од генерации на генерации.

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/740347/index.htm

 

Се појавија првите василичари од карневалот во с.Цапари

Слични традиции и во битолските села Цапари и Маловиште

Покрај „Вевчанскиот карневал“, во земјава во чест на пречекот на Стара нова година – Василица се организираат и други карневали со помали размери. Еден од нив е и карневалот во потпелистерското село Цапари во Битола.

Според организацискиот одбор на традиционалниот „Василичарски карневал“, во ова потпелистерско село утре претпладне низ цапарските улици ќе продефилираат 50 маскирани бабари од различни возрасти. Очекувањата на одборот за организација на традиционалниот „Василичарски карневал“ се следната година манифестацијата да добие поголема институционална поддршка, а тоа би придонело за поголемо омасовување на овој долгогодишен карневал.

Сличен карневал од помали размери, но доста интересен, организираат и жителите на потпелистерското село Маловиште во Битола, кое е оддалечено само неколку километри од Цапари.