ЗА ПОКВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ, ОДОБРЕНА ПРОМЕНАТА НА БУЏЕТОТ ЗА ПРОЕКТОТ “АВАНТУРА ПРЕКУ ГРАНИЦИТЕ“ ПОБАРАНА ОД ПРОЕКТНИТЕ ПАРТНЕРИ

ЗА ПОКВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ, ОДОБРЕНА ПРОМЕНАТА НА БУЏЕТОТ ЗА ПРОЕКТОТ “АВАНТУРА ПРЕКУ ГРАНИЦИТЕ“ ПОБАРАНА ОД ПРОЕКТНИТЕ ПАРТНЕРИ

Со отпочнувањето на подготовките за реализација на проектните активности, во рамките на проектот „Авантура преку границите“со акроним – advenTOUR, од страна на проектните партнери, беше констатирано дека, потребно е да се извршат измени во буџетските ставки, со цел успешна имплементација на проектот. Овие измени, беа утврдени на првиот состанок на партнерите Младинско христијанско здружение – Солун/ИМКА Солун, Грчка национална туристичка организација/GNTO, и Национален парк Пелистер – Битола, по што за истите беше испратено барање за одобрување од страна на Програмата.

НП Пелистер изврши пренамена на средства од буџетот за одржување на состанок во Битола, како и настан на кој ќе се сретнат корисниците на проектот и проектните партнери.

На 5 октомври, електронски, преку зоом платформата беше одржан вториот состанок на партнерите во овој проект, на кој се разговараше за спроведените активности од страна на партнерите, како и за плановите за понатамошна работа. На овој состанок, беше заклучено дека, поднесен е извештај за тековните работи, а побараните измени во проектот се одобрени од страна на Заедничкиот технички секретаријат. Секој од партнерите информираше за динамиката со која ќе продолжат активностите. Следниот состанок, помеѓу проектните партнери е договорен во Битола во втора половина на месец ноември, за што агендата и местото на одржувањето на средбата, дополнително ќе бидат одредени.

Проектот „Авантура преку границите“ со акроним – advenTOUR, се спроведува во рамките на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија, 2014-2020. Во проектот Јавната установа Национален парк – Пелистер Битола е трет партнер.