Постојана изложба – Прва Светска војна

Постојана изложба – Прва Светска војна

         

Во рамките на Националниот парк Пелистер постои посебна пешачка патека, наречена Историска патека,  посветена на настаните од Првата светска војна и случувањата на Пелистер, Баба Планина и во Битола и околината. Покрај бројните податоци на поставени табли на патеката, која започнува од Инфо-центарот и води до хотелот Молика, во Инфо-центарот постои и перманентна изложба со фотографии од Првата светска војна.

         

Карактеристично за тие фотографии и наведените податоци е тоа што поголемит дел од нив се снимени на терените на Пелистер и Баба Планина, во периодот од 1914-1917 година и сведочат за настаните на овдешниот дел од Македонскиот или т.н. Солунски фронт. Во тоа време, до пробивањето ан фронтот од страната на Антантата, Пелистер и Баба Планина биле главното упориште на Централните сили, кои биле распоредени на оваа планина.