Средба на Директорот на НП Пелситер и Зам. Министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска

31.01.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски остварија работна средба со директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски, на која присуствуваа и дел од вработените од Министерството за животна средина и просторно планирање и од ЈУНП Пелистер.
На средбата се разговараше за активностите кои се проведуваат со цел справување со предизвиците и и начините на управување со најстариот Национален парк во државата.
Лашкоска истакна дека МЖСПП е секогаш отворено за соработка во полето на заштита на природните вредности на сите природни подрачја, вклучувајќи го и Пелистер. Соговорниците воедно се согласија и дека од голема важност е зачувувањето на неговата биолошката разновидност, одржливото управување и развојот на одржлив туризам во НП Пелистер.

   

Екологијата и свеста за животната средина започнува од младите генерации

17.01.2025
Националниот парк Пелистер продолжува со еколошка едукација и подигање на јавната свест кај учениците за заштита на природата, развивање на позитивни еколошки практики и однесување во природа.
Согласно програмата за еколошка едукација и јакнење на свеста кај најмладите категории на граѓани во делот на значењето и вредноста на паркот, на денешниот состанок со директорите на основните и средните училишта се договоривме за идна соработка и веќе дефиниравме идни активности со учениците кои ќе се реализираат во текот на 2025 година.

   

   

Отстранети околу 20 паднати дрвја за време на последните врнежи од снег

11.01.2025
Од пешачките патеки во околина на Хотел Молика и Ластојчин камен, денес беа отстранети околу 20 дрвја паднати за време на последните врнежи од снег.

 

   

Одржана средба во Инфоцентарот на Пелистер

27.12.2024
Во Инфоцентарот на Пелистер денес се одржа средба помеѓу ЈУНП Пелистер, Федерација за планинарство на Македонија – претседател Зоран Четкушев, зам. претседател Петар Нолев, претседател на комисија за маркирање на планинарски патеки Симо Симоновски, претседател на комисија за планинарски домови Александар Санев, претседател на комисија за планинарски водичи Даниело Божиновски, ПСК 7ми Мај, Одделение за Економски развој на Општина Битола , SFERA International – Милчо Дули, Владимир Жоглев и на истата беа дефинирани насоките за идна взаемна соработка во насока и развој на планинарењето и туризмот во рамки на НП Пелистер.

 

   

Одржан состанок со учесниците на настанот “Куќа имам на Пелистер”

25.12.2024

На 06.12.2024 и 16.12.2024 се одржа состанок со локалните занаетчии, производители на храна, туристички агенции и мали претприемачи од Пелистер со цел да учествуваат на настанот “Куќа имам на Пелистер” , за промоција на нивните производи и услуги.