Фолклорни настани

Во Рамките на Националниот парк Пелистер во минатото се одвивале и фолклорни и културни манифестации кои имале значење за локалното население.

1. Етно Фестивал – Маловиште

 

Во единственото село во границите на националниот парк во периодот од 2001 до 2008 година се одржувал „Етно Фестивалот – Маловиште“, во организација на Здружението ЕКЕ, и со поддршка од страна на Општината Битола и други фондации.

Заради, пред се, организациски и финансиски причини овој фестивал последниве години не се одржува.

2. Саем на локални производи од Потпелистерскиот регион

 

 

Во организација на Општина Битола и локалната група за рурален развој, во 2008 година во село Трново се одржа првиот саем на локални производи и услуги во потпелистерскиот регион.

Целта на саемот беше преку промоција и продажба на локални традиционални производи да се создадат можности за развој на алтернативниот туризам, одржливо користење на природните ресурси и брендирање на традиционалните производи од регионот, со цел подобрување на животните услови на руралното население во потпелистерскиот регион. На саемот се претставија преку 60 локални фармери, занаетчии, угостители и други домашни производители од четирите села: Дихово, Ниже Поле, Трново и Магарево.

За жал и овој настан се одржуваше само три години по ред, и не продолжи да опстојува заради немање финансиски  средства и завршување на проектот за негово организирање.