Известување за сите посетители на Националениот Парк Пелистер

Почитувани посетители,

Доколку планирате престој во Национален Парк Пелистер, ве информираме дека потребно е претходно да поднесете барање за дозвола за влез.
Пополнете го следниот формулар: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf_QYbHw1Whnl88poukV4Sf6W0Z5-QNtiKai8xapApwW3YkSA/viewform
Откако ќе го пополните, автоматски ќе добиете потврда на вашата емаил адреса.
Со цел заштита на природата и безбедност, задолжително е почитување на правилата (напишани во одговорот) при престој во паркот.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Со почит,
Национален парк Пелистер.

Еколошка едукација преку која учевме за природата, животните и растенијата со гости од Полска

07.03.2025
Ученици од ОУ Климент Охридски
Наставници: Виолета Стевановска , Гордана Анастасова.
Едукатори : Виолета Сотировска и Елена Џима Терзиевска.
Низ игра учевме за:
-кој живее во Националниот парк Пелистер
-научивме што има во Инфоцентарот
-истражувавме во природа
-набљудувавме под микроскоп инсекти
-ги откривавме боите во природата
-потера за еко трофеи

Целата галерија на следниот линк

 

Информативниот центар на НП Пелистер во функција на сите планинари и љубители на планината и природата

21.02.2025

Информативниот центар на НП Пелистер стартува со активности во функција на сите планинари и љубители на планината и природата.

Изложбата “Убавините на Пелистер” од новинарот и планинарот Петар Ставрев сеуште е изложена и може да ја погледнете.

Информативниот центар за викенди работи до 17:00 часот.

   

Поради силни удари од ветер и обилни врнежи на снег одстранети повеќе од 100 паднати дрва

07.02.2025
Во пресрет на викендот и убавото време вработените во НП Пелистер во изминатите два дена од планинските патеки отстранија повеќе од стотина дрвја паднати поради силните удари од ветер и обилните врнежи на снег во изминатиот период. Целосно се исчистени и уредени за безбедно движење на сите посетители на НП Пелистер следните патеки:
  • Молика – Копанки
  • Копанки – Палиснопје
  • Копанки – Јоргов камен – Полковник Илија – Магаревска река
  • Инфоцентар – Бегова чешма(Историска патека)

   

Обука за заштита на кафеавата мечка – стручна поддршка на интервентниот тим

06.02.2025
Членови на интервентниот тим (ИТ) за кафеава мечка ја вежбаа постапката за итни ситуации. Тековниот Прекуграничен проект за зачувување на кафеавата мечка дава основа да се одржува соработката и да се градат капацитетите на ИТ. Тимот се информираше за активностите од проектот и имаше обука за постапката за успивање на животно. Огромна благодарност за несебичната вклученост на Зоолошка градина Скопје и за поддршката на Националниот Парк Пелистер.