Донирање на новогодишни пакетчина во Центарот за едукација со посебни потреби во ООУ Ѓорѓи Сугарев

21.12.2023
Националниот парк Пелистер донираше новогодишни пакетчина во Центарот за едукација со посебни потреби во ООУ Ѓорѓи Сугарев.
     

Националниот парк Пелистер во зимскиот период врши прихрана на дивеч

14.12.2023
 Во Националниот парк Пелистер, се врши прихрана на дивеч во зимскиот период (декември и јануари). Поради вонредните временски услови извршивме дополнителна прихрана. Прихрана се извршува бидејќи има недостиг на храна во зимскиот период. Активноста се врши со пченка, пченица за ситниот и крупниот дивеч. Стотина килограми зрнеста храна се оставени на повеќе позиции во локалитетот Пелистер.
     

Финансиска поддршка од фондот за природата Преспа – Охрид (ПОНТ) за набавка на нови униформи и обувки за вработените во техничкото одделение во Националниот Парк Пелистер

11.12.2023
Подолг временски период вработените во техничкото одделение во Националниот парк Пелистер немаа добиено униформи. Благодарение на финансиската поддршка од фондот за природата Преспа – Охрид (ПОНТ) се обезбедија финансиски средства и се набавија нови униформи и обувки за вработените во техничкото одделение во националниот парк Пелистер.
     

Примопредавање на проектот поддржан од странa на INTERREG IPA Program for Cross-border Cooperation Greece – North Macedonia 2014-2020

08.12.2023
На ден 07.12.2023 год. во Националниот Парк Пелистер беше извршено примопредавање на проектот поддржан од странa на INTERREG IPA Program for Cross-border Cooperation Greece – North Macedonia 2014-2020 во кој како партери се среќаваат Младинско христијанско здружение – Солун/ИМКА Солун, Грчка национална туристичка организација/GNTO и ЈУ Национален парк Пелистер – Битола.
Градежните активности на авантуристичкиот парк се реализирани од страна на компанијата Балкан-Нет Логистик Битола.
Имено, се работи за реализација и завршување на проектот ,,Изградба на адреналински парк за возрасни, и за деца, и Виа Ферата и Зип лајн,, Локација ,,Национален Парк Пелистер во период од 12 месеци.
На техничкиот прием присуствуваше тимот на Националниот Парк предводен од директорот Малиќ Шешмедини, проект менаџерот Милчо Дули, надзорниот инжинер Владимир Јовевски, заедно со претствници од фирмата изведувач Балкан-Нет Логистик Битола. Беше направен увид на сите 4 локации и беше утврдено дека сите активности со меѓусебниот договор се целосно реализирани.
   
Останува во периодот до крајот на оваа година да се затвори и финансискиот дел од проектот, кој што е во целост финансиран од Европската Унија.
Со голема радост би сакале да ја информираме битолската јавност дека со доаѓање на пролетните месеци на наредната година, битолчани, а и целиот регион и пошироко ќе можат да се забавуваат и рекреираат на овие атрактивни локации.

Благодарност за вредната донација возило за Националниот парк Пелистер од Фондацијата за природа Преспа Охрид (ПОНТ)

06.12.2023
Со најискрени емоции и благодарност ја прифаќаме вредната донација возило за Националниот парк Пелистер од Фондацијата за природа Преспа Охрид (ПОНТ)
Ова возило ќе игра значајна улога во олеснување на нашите активности и ќе ни овозможи да ги достигнеме нашите цели подобро и поефикасно. Вашата поддршка значи многу за нас и ја цениме вашата посветеност кон нашата работа.