Примопредавање на проектот поддржан од странa на INTERREG IPA Program for Cross-border Cooperation Greece – North Macedonia 2014-2020

08.12.2023
На ден 07.12.2023 год. во Националниот Парк Пелистер беше извршено примопредавање на проектот поддржан од странa на INTERREG IPA Program for Cross-border Cooperation Greece – North Macedonia 2014-2020 во кој како партери се среќаваат Младинско христијанско здружение – Солун/ИМКА Солун, Грчка национална туристичка организација/GNTO и ЈУ Национален парк Пелистер – Битола.
Градежните активности на авантуристичкиот парк се реализирани од страна на компанијата Балкан-Нет Логистик Битола.
Имено, се работи за реализација и завршување на проектот ,,Изградба на адреналински парк за возрасни, и за деца, и Виа Ферата и Зип лајн,, Локација ,,Национален Парк Пелистер во период од 12 месеци.
На техничкиот прием присуствуваше тимот на Националниот Парк предводен од директорот Малиќ Шешмедини, проект менаџерот Милчо Дули, надзорниот инжинер Владимир Јовевски, заедно со претствници од фирмата изведувач Балкан-Нет Логистик Битола. Беше направен увид на сите 4 локации и беше утврдено дека сите активности со меѓусебниот договор се целосно реализирани.
   
Останува во периодот до крајот на оваа година да се затвори и финансискиот дел од проектот, кој што е во целост финансиран од Европската Унија.
Со голема радост би сакале да ја информираме битолската јавност дека со доаѓање на пролетните месеци на наредната година, битолчани, а и целиот регион и пошироко ќе можат да се забавуваат и рекреираат на овие атрактивни локации.