Еколошка едукација во соработка со ЕДУ-АКТИВ ПЛУС преку која учиме за природата, животните и растенијата – ОУ Ѓорѓи Сугарев – Битола

01.11.2024

Националниот парк Пелистер, во соработка со тимот на Здружението за едукација и интеграција „ЕДУ-АКТИВ ПЛУС“, реализираше еколошка едукација на Пелистер за учениците од IX одделение при ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола, како и за ученици и родители од Центарот за поддршка на деца со попреченост.

Главната цел на активноста беше да се поттикне еколошката свест, тимската работа и инклузијата преку различни активности во природа. Учениците учествуваа во интерактивни задачи, вклучувајќи чистење на патеките, идентификација на локалната флора и фауна, еко потера и ориентациска прошетка.

Учениците активно дискутираа за климатските промени и добија практични совети за заштита на животната средина. Оваа активност значително придонесе за јакнење на екокултурата кај учениците и за подобрување на нивното разбирање за важноста на заштитата на природните богатства.

Оваа форма на учење во природа покажа дека учењето може да биде не само забавно, туку и многу значајно за сите учесници.

Изразуваме голема благодарност до тимот на Здружението за едукација и интеграција „ЕДУ-АКТИВ ПЛУС“ за одличната соработка. Нивната посветеност и професионализам значително придонесоа за успешното реализирање на еколошката едукација на Пелистер. Со заеднички напори, успеавме да поттикнеме еколошка свест и инклузија меѓу учениците, што е од големо значење за нашата природа. Благодариме за сите прекрасни моменти и споделеното знаење!

Целата галерија на следниот линк

Еколошка едукација преку која учиме за природата, животните и растенијата – ОУ Гоце Делчев – Ресен

29.10.2024
Ученици од ОУ Гоце Делчев – Ресен

Наставници :

  • Ивона Ѓоргиевска,
  • Јована Денесовска Ристевска.
Едукатори:
  • Виолета Сотировска и Елена Џима Терзиевска
Низ игра учевме за:
  • кој живее во Националниот парк Пелистер
  • научивме што има во Инфоцентарот
  • истражувавме во природа
  • набљудувавме под микроскоп инсекти
  • ги откривавме боите во природата
  • потера за еко трофеи

Целата галерија на следниот линк

Развивање на еколошката свест со ученици од ОУ Елпида Караманди – С.Цапари

25.10.2024
Ученици од ОУ Елпида Караманди – С.Цапари

Наставници :

  • Славица Начовска,
  • Магдалена Вељјаноска,
  • Стефани Колева,
  • Лилјана Мирчева,
  • Билјана Митковска,
  • Филип Макаловски,
  • Драган Микаровски.
Едукатори:
  • Виолета Сотировска
  • Елена Џима Терзиевска
Низ игра учевме за:
  • кој живее во Националниот парк Пелистер
  • научивме што има во Инфоцентарот
  • истражувавме во природа
  • набљудувавме под микроскоп инсекти
  • ги откривавме боите во природата
  • потера за еко трофеи

 

Целата галерија на следниот линк

Развивање на еколошката свест со ученици од ОУ Тодор Ангелевски – Стрелиште

24.10.2024
Развивање на еколошката свест се учи од рана возраст, бидејќи децата кои имаат чест контакт со природата во детството, создават љубов и почит кон целата животна средина и се што не опкружува.
Ученици од ОУ Тодор Ангелевски – Стрелиште

Наставници :

  • Дивна Алиевска I-4,
  • Билјана Јаневска II-4,
  • Мирјана Кимева III-4,
  • Катерина Јончевска IV-4,
  • Дона Мицевска V-4.
Едукатори:
  • Виолета Сотировска и Елена Џима Терзиевска
Низ игра учевме за:
  • кој живее во Националниот парк Пелистер
  • научивме што има во Инфоцентарот
  • истражувавме во природа
  • набљудувавме под микроскоп инсекти
  • ги откривавме боите во природата
  • потера за еко трофеи

 

Целата галерија на следниот линк

Превентивно и редовно чистење на шумски патишта

18.10.2024

 

Шумите во заштитените подрачја се прогласуваат со Закон за заштита на природа. Заштитата на шумите е еден од главните сегменти за здрава животна средина. Секторот заштита на природните ресурси во националниот парк-Пелистер во есенскиот период врши чистење на шумските патишта со цел превентивно делување за заштита на шумите од шумски пожари. Шумските патишта се чистат во должина од неколку километри, оваа акција е од големо значење за превентивно делување во случај на шумски пожар и што е многу важно, со релативно мал зафат реализиран од вработените во техничкото одделение во националниот парк се овозможува поефикасна интервенција на ПП екипи.