Поставени се нови хранилки во Националниот парк Пелистер

24.12.2024
Прихрана на дивеч во зимскот период што се спроведува во декември и јануари, поради недостигот на храна во природата.
Прихраната ја вршиме со пченка,пченица, крупна сол и минерали за ситниот дивеч и крупниот дивеч. Стотина килограми сено и зрнеста храна се оставени на повеќе локации за прихранување на ситниот прелетен и крупен дивеч, бидејќи од голем интерес за Н.П.П е заштитата во сите региони на територијата на паркот.

 

 

Покана за настанот “Куќа имам на Пелситер – Вкусот на Пелистер”

Ден на оддржување на настанот: Недела- 22.12.2024 / Почеток: 11h

Вкусот на Пелистер/ The taste of Pelister – ја обединува целата туристичка понуда на Пелистер и поширокиот регион на едно место. На настанот со своја понуда ќе се презентираат повеќе од 20тина локални произведувачи на храна и пијалоци, хотели и ресторани, туристички агенции и други понудувачи на туристички содржини.
Почитувани љубители на природата,вљубеници на Пелистер, во прилог ви ги претставуваме учесниците на настанот Вкусот на Пелистер/ The taste of Pelister :

1. Мандра пелистерски овци- (Бело саламурено сирење ( 500 ден.),Биено сирење ( 700 ден.),Кашкавал (1000 ден.).
2. Буковска пипер- (Буковска толчена и буковска мелена пипер. Цената за едно паковање (100 грама) е 200 денари).
3. Паста Делиција – (Домашна тестенина (кори, резанци,тарана) рачно изработени во регистрирана работилница за производство на тестенини. Покрај стандардните тестенини на настанот ќе има тестенини со лук, црвена пипер, куркума, спанаќ, коприва, интегрални тестенини, домашни лазањи и др. Сите производи ќе се продаваат по цена од 100 ден. (400 гр.)).
4. Пчеларник Талевски – Сок од аронија и шумски плодови боровинки,капинки и маслинки1lit.- 250 ден, слатко од цреши и дунки 370ml.- 200 ден , мед 720ml-600 ден, прополис 20% 20 ml – 100 ден.
5. Аледас компани -Селски чадени колбаси 1кг (400 ден.), селски чаден колбас во селско лепче (60 ден.).
6. Пчеларник БН – Ливадски органски мед 1кг 550ден

7. Боров сируп 500 ден.
8. Винарија Алесто -Вина: 4 видови (0.75l); Lux Темјаника 650ден, Lacus rose Станушина 650ден, Amare Прокупец 750ден, Bucephalus Вранец 700ден

9. Вила Дихово
10.Фарма Дихово -Овчо сирење 500 ден.


11.Хотел Шумски фенери
12.Конец street food – Конец по цена од 150 денари и сендвиц со пилешко ( Игла) по цена од 130 денари.
13.Екстрим Бајк Тим Битола — маици 350 денари

14.Туристичка Агенција Хера Турс Битола
15. Pelister Unique Trail Marathon
16.Хотел Молика
17.Голд Фелиција
18.Ариес Травел
19. Mountain Solution
20.Солена соба – СОЛИНА
21.Кафе Портал

Во рамки на настанот, во соработка со сите горенаведени учесници, за сите посетители ќе има организирана наградна игра:
1. Туристичка Агенција Хера Турс Битола- Ваучер патување за Нова Година за Будва.
2.Пчеларник БН – Old house BN доделуваме 2 ваучери за ноќевање во вилата.
3.Винарија Алесто – 3 сортни вина.
4.Pelister Unique Trail Marathon – попусти за пријавување за која било трка во 2025 година, вклучувајќи ги и детските трки.
5.Голд Фелиција – 3 ваучери со вредност од 1000 ден, за користење во ресторанскиот дел на Голд Фелициа.
6.Ариес Травел – Летување во Грција за двајца.
7.Mountain Solution -1 jeep safari за 6 души и 5 пара ( 10 души) ваучери , за секој што ќе букира canyoning тура да добие гратис jeep safari тура.
8.Солена соба СОЛИНА -10 ваучери
За музичкиот дел ќе се погрижат:
Модератор на настанот Маријан Ѓоргиевски
Бесплатен превоз за Зимската приказна на Пелистер
1. Спортска сала Боро Чурлевски ( паркинг) – Болница – Новиот пазар – Инфо центар Пелистер
2. Ат пазар -Шехерзада – Црн мост – Довлеџик – Инфо центар Пелистер
Поаѓање кон Пелистер – 10:15 часот
Враќање од Пелистер – 15: 30 часот
Секој мини бус ќе биде обележан со табла , на која ќе пишува Зимска приказна на Пелистер.
• Секој што сака да користи бесплатен превоз, да се пријави во Хера турс, на емаил info@heraturs.mk или на тел.број 077-500-989.

Новогодишниот базар “Вкусот на Пелистер”

16.12.2024
Инфоцентарот на Пелистер во новогодишно руво! Се е подготвено за новогодишниот базар “Вкусот на Пелистер” во рамки на Зимската приказна на Општина Битола во организација на ЈУНП Пелистер.
22.12.2024(недела), 11:00 часот, Инфоцентар на ЈУНП Пелистер

 

Реализирани активности од страна на Националниот Парк Пелистер

04.12.2024
Драги пријатели на планината и љубители на природата.
Со задоволство ве информираме за првите направени чекори во Националниот парк Пелистер во првите 10 дена. Поставивме 12 нови клупи на платото Копанки и Марково копито, извршена е санација на кровот на управната зграда, партерно е уреден Инфоцентарот на НП Пелистер и се отпочнати активности за приклучок на вода, реализирана е активност “Твоето време е твојот инпакт” со НВО Сфера Интернешенал во насока на подигнување на јавната свест за чиста околина и активно се вклучивме во расчистување на патот с. Магарево до Х. Молика, после обилните врнежи од снег.
Ова се почетнички чекори, но за нас многу важни поради поддршката од Општина Битола, јавните претпријатија АД ЕСМ и голем број на приватни стопанственици и локално население.
Изразуваме голема благодарност до сите Вас за поддршката, а во пресрет на новогодишните празници Ви најавуваме дека следат нови содржини.
ПЕЛИСТЕР -ONE MOUNTAIN, ONE LOVE

Целата галерија на следниот линк

Остварена средба со Претседателот на Велосипедска федерација на Турција и на Балканска федерација

01.12.2024
На ден 29.11.2024 година Директорот на ЈУ Национален парк Пелистер, а воедно и Претседател на Велосипедска федерација на Македонија Иванчо Тошевски, оствари средба со Претседателот на Велосипедска федерација на Турција и на Балканска федерација г-н Емин Муфтиоглу.
Заеднички со г-н Емин , остварија средба со д-р Биљаљ Суџубиши – главен извршен директор на ХАЛК БАНКА , и со д-р Беркан Имери – извршен директор на ХАЛК БАНКА , на која се договорија за идна подршка на македонскиот национален тим на ВФМ.
Со Министерот Борко Ристевски, се договорија за нова средба на министерско ниво за спорт и туризам помеѓу Македонија и Турција која ќе се одржи во Битола, со цел проширување на соработката помеѓу двете земји во повеќе области. Директорот на Н.П.Пелистер го презентираше потенцијалот кој го нуди Пелистер и поширокиот регион во делот на развој на туризмот.