Поради недостиг на храна Националниот Парк Пелистер врши прихранување на ситниот прелетен и крупниот дивеч

02.02.2024
Секторот заштита и мониторинг на природните ресурси во Националниот парк Пелистер, има одредени законски денови за прихрана на дивеч во зимскиот период. Прихрана се извршува од едноставна причина, а тоа е недостигот на храна во природата.
Прихраната ја вршиме со пченка, пченица, минерали и сол за ситниот и крупниот дивеч. Стотина килограми зрнеста храна се оставени на повеќе позиции во локалитетот за прихранување на ситниот прелетен и крупниот дивеч.
     

Донирање новогодишни пакетчина во Дневен Центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Ресен

28.12.2023
Националниот парк Пелистер донираше новогодишни пакетчина во Дневен Центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Ресен.
 

Мониторинг и конзервација на клучните вредности во Националниот Парк Пелистер

28.12.2023
Со најголемо задоволство, изразуваме најискрена благодарност за фондацијата ПОНТ за поддршката низ сите изминати години и финансиска инвестиција која Националниот парк Пелистер ја доби со потпишувањето на Договорот за грант за Мониторинг и конзервација на клучните вредности во Националниот парк Пелистер за наредните три години.
Грантот е значаен момент во нашата мисија за заштита на природата и биолошката разновидност. Со оваа финансиска поддршка, ќе имаме можност да ги унапредиме нашите мониторинг и конзервациони активности за клучните вредности и да го подобриме управувањето на паркот.
Со оваа поддршка, ќе можеме да се фокусираме на извонредните вредности на паркот и да ги заштитиме за следните генерации. Овој грант не само што допринесува финансиски, туку исто така ни дава доверба и инспирација за продолжување на нашата работа за заштита на природата.