Информативниот центар на НП Пелистер во функција на сите планинари и љубители на планината и природата

21.02.2025

Информативниот центар на НП Пелистер стартува со активности во функција на сите планинари и љубители на планината и природата.

Изложбата “Убавините на Пелистер” од новинарот и планинарот Петар Ставрев сеуште е изложена и може да ја погледнете.

Информативниот центар за викенди работи до 17:00 часот.

   

Поради силни удари од ветер и обилни врнежи на снег одстранети повеќе од 100 паднати дрва

07.02.2025
Во пресрет на викендот и убавото време вработените во НП Пелистер во изминатите два дена од планинските патеки отстранија повеќе од стотина дрвја паднати поради силните удари од ветер и обилните врнежи на снег во изминатиот период. Целосно се исчистени и уредени за безбедно движење на сите посетители на НП Пелистер следните патеки:
  • Молика – Копанки
  • Копанки – Палиснопје
  • Копанки – Јоргов камен – Полковник Илија – Магаревска река
  • Инфоцентар – Бегова чешма(Историска патека)

   

Обука за заштита на кафеавата мечка – стручна поддршка на интервентниот тим

06.02.2025
Членови на интервентниот тим (ИТ) за кафеава мечка ја вежбаа постапката за итни ситуации. Тековниот Прекуграничен проект за зачувување на кафеавата мечка дава основа да се одржува соработката и да се градат капацитетите на ИТ. Тимот се информираше за активностите од проектот и имаше обука за постапката за успивање на животно. Огромна благодарност за несебичната вклученост на Зоолошка градина Скопје и за поддршката на Националниот Парк Пелистер.

   

   

Средба на Директорот на НП Пелситер и Зам. Министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска

31.01.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски остварија работна средба со директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски, на која присуствуваа и дел од вработените од Министерството за животна средина и просторно планирање и од ЈУНП Пелистер.
На средбата се разговараше за активностите кои се проведуваат со цел справување со предизвиците и и начините на управување со најстариот Национален парк во државата.
Лашкоска истакна дека МЖСПП е секогаш отворено за соработка во полето на заштита на природните вредности на сите природни подрачја, вклучувајќи го и Пелистер. Соговорниците воедно се согласија и дека од голема важност е зачувувањето на неговата биолошката разновидност, одржливото управување и развојот на одржлив туризам во НП Пелистер.