Еколошка едукација преку која учиме за природата, животните и растенијата – ОУ Кирил и Методиј – Битола

02.11.2024
Ученици од ОУ Кирил и Методиј – Битола

Наставници :

  • Џими Геровски
  • Александра Упале
  • Жанета Тошеска
Едукатори:
  • Виолета Сотировска и Елена Џима Терзиевска
Низ игра учевме за:
  • кој живее во Националниот парк Пелистер
  • научивме што има во Инфоцентарот
  • истражувавме во природа
  • набљудувавме под микроскоп инсекти
  • ги откривавме боите во природата
  • потера за еко трофеи

 

Целата галерија на следниот линк

Еколошка едукација во соработка со ЕДУ-АКТИВ ПЛУС преку која учиме за природата, животните и растенијата – ОУ Ѓорѓи Сугарев – Битола

01.11.2024

Националниот парк Пелистер, во соработка со тимот на Здружението за едукација и интеграција „ЕДУ-АКТИВ ПЛУС“, реализираше еколошка едукација на Пелистер за учениците од IX одделение при ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола, како и за ученици и родители од Центарот за поддршка на деца со попреченост.

Главната цел на активноста беше да се поттикне еколошката свест, тимската работа и инклузијата преку различни активности во природа. Учениците учествуваа во интерактивни задачи, вклучувајќи чистење на патеките, идентификација на локалната флора и фауна, еко потера и ориентациска прошетка.

Учениците активно дискутираа за климатските промени и добија практични совети за заштита на животната средина. Оваа активност значително придонесе за јакнење на екокултурата кај учениците и за подобрување на нивното разбирање за важноста на заштитата на природните богатства.

Оваа форма на учење во природа покажа дека учењето може да биде не само забавно, туку и многу значајно за сите учесници.

Изразуваме голема благодарност до тимот на Здружението за едукација и интеграција „ЕДУ-АКТИВ ПЛУС“ за одличната соработка. Нивната посветеност и професионализам значително придонесоа за успешното реализирање на еколошката едукација на Пелистер. Со заеднички напори, успеавме да поттикнеме еколошка свест и инклузија меѓу учениците, што е од големо значење за нашата природа. Благодариме за сите прекрасни моменти и споделеното знаење!

Целата галерија на следниот линк