Превентивно и редовно чистење на шумски патишта

18.10.2024

 

Шумите во заштитените подрачја се прогласуваат со Закон за заштита на природа. Заштитата на шумите е еден од главните сегменти за здрава животна средина. Секторот заштита на природните ресурси во националниот парк-Пелистер во есенскиот период врши чистење на шумските патишта со цел превентивно делување за заштита на шумите од шумски пожари. Шумските патишта се чистат во должина од неколку километри, оваа акција е од големо значење за превентивно делување во случај на шумски пожар и што е многу важно, со релативно мал зафат реализиран од вработените во техничкото одделение во националниот парк се овозможува поефикасна интервенција на ПП екипи.

Еколошка едукација и подигање на јавната свест кај учениците

18.10.2024

 

Денес, важноста на заштита на природата никогаш не била поголема!
Екологијата и свеста за животната средина започнуваат од младите генерации.
Националниот парк Пелистер продолжува со еколошка едукација и подигање на јавната свест кај учениците за заштита на природата, развивање на позитивни еколошки практики и однесување во природа.

Ученици од ОУ Ѓорѓи Сугарев: Оливера Шиклеска-Грозданова, Сузана Ристевска и Фросина Јанкоска.
Едукатори: Виолета Сотировска и Елена Џима Терзиевска.

Низ игра учевме за:
– кој живее во Националниот парк Пелистер
-научивме што има во Инфоцентарот
– истражувавме во природа
-набљудувавме под микроскоп инсекти
-ги откривавме боите во природата
-потера за еко трофеи
Наша цел е учениците да станат амбасадори на еколошката свест, пренесувајќи ги стекнатите знаења и практики на своите семејства и пријатели. Со целосно интегрирање на еколошките принципи во секојдневниот живот, создаваме подобра и поодржлива иднина за сите.

За повеќе фотографии од овој настан на следниот линк 

Усогласување на практиките во шумата Вртшка на Националниот парк Пелистер

04.10.2024

Националниот парк Пелистер, во согласност со Законот за заштита на природата, изработи нов План за управување со Националниот парк Пелистер за периодот 2021-2025 година. ПОНТ (Доверлив фонд за природа на Преспа и Охрид) финансиски го поддржа креирањето на планот.

Новиот План за управување, меѓу другото, предвидува и подобрување на управувањето со шумските површини. Ова ќе се заснова на екосистемски пристап и адаптација на шумските практики во согласност со еколошките процеси и модели.

Имајќи го ова на ум, изработен е „Водич за управување со шумите во НП Пелистер“ за да обезбеди насоки за идното управување со шумските екосистеми. Ова воведува нова практика, придвижувајќи го разбирањето на шумите како „природен ресурс во Националниот парк“ кон „екосистеми кои поддржуваат висока биолошка разновидност и обезбедуваат мноштво екосистемски услуги“, како и на нивното управување, кое досега беше претежно економско користење на шумите, сега ќе се префрли на пристап на управување со шумски екосистеми.

Со цел да се воведат нови, посовремени и еколошки прифатливи практики за управување, изготвен е долгорочен план (2020-2040). Со ова беа инкорпорирани активности и години на реализација на насади со букови шуми од изданоци (вегетативно потекло) и нејзино преточување во насади од семено (генеративно) потекло од матични автохтони видови на површина од 46,85 хектари, одделение 20, во ЈЈИ Вртушка. Планот е изработен од консултанти за шумарство и екологија, што претставува нов модел на активности што ќе се применуваат во Националниот парк Пелистер. Следното е предвидено за:

  • Усогласување на практиките за стопанисување со шумите и воведување нови посовремени и поеколошки прифатливи практики и принципи во стопанисувањето со шумите.

Целиот пост можете да го прочитате на веб страната на pont.org на следниот линк 

Оштетени камери на “Превалец“ од каде националниот парк “Пелистер“ Битола врши мониторинг на Баба планина за откривање и превенција на пожари

03.09.2024

Националниот парк “Пелистер“ од Битола односно службите кои работат во институцијата – ренџерската служба, констатира дека е оштетени дел од опремата која служи за надгледување и алармирање на можен пожар во делот на Пелистер.

Се работи за оштетување на камерите со кои врши надзор на планината, а овие камери се вмрежени во нивни сервер и со Министерсвото за одбрана.

-На локација “Превалец“ на многу стратешко место од каде се набљудува скоро цел Пелистер поставени се два камери кои што служат за набљудување и рана детекција на пожари, при редовна контрола на ренџерот, вчера, откри дека дел од опремата е оштетена. Кутиите се оштетени и претпоставуваме дека се вадени инструменти и друга опрема, и интрументи и алатки. Случајот е пријавен в полиција, екипи на Националниот парк “Пелистер“ се упатени на лице место, а од таму е направена и пријава во полиција каде ќе се констатира штетата, направи увид и записник, вели Зоран Пројчевски, шумарски инженер. Од националниот парк се згрозени од направената штета и не сакаат да претпостават што може да се случи доколку не функционираат камерите.

Директорот на НП “Пелистер“, Малиќ Шемшедини вели:

-Постапивме и случајот го пријавивме во полиција со цел да се откријат сторителите и ќе поднесиме кривична пријава против непознат сторител. Не сакаме да ни се случи тоа што се случи во другите национални паркови во државата и во соседството .Опремата е наша, набавена преку проектот “Превент“ и е многу значајна за заштита од пожари на националниот парк Пелистер . Опремата е позврзана со сервер и со Министерството за одбрана. До сега успеавме да ги изменаџираме сите помали пожари кој се појавија и за тоа сме посебно горди како екипа во НП Пелистер.

Од националниот парк упатуваат апел, што побрзо да се најдат сторителите, опремата да се стави во функција и да воспостави мониторинг на планината бидејќи сите летово ги знаеме штетите кои се предизвикани од пожарите низ целата држава.

Целиот текст е во прилог и објавен на следниот линк на веб порталот Bitola News