Гео-морфолошки форми

Гео-морфолошки форми

Доминантна морфолошка појава од структyрниот релјеф на планината Баба претставува главниот планински гребен, кој воедно е и водораздел помеѓу Јадранскиот и Егејскиот Слив. Од Козји Камен (2180 m) до Муза (2350 m), во должина од околу 15 km, планинскиот гребен има правец на протегање северозапад – југоисток.

           

Од врвот Муза (2350 m), главниот планински гребен дотогашниот правец на протегање го менува во меридијански. До врвот Крив Камен (2155 m) на македонско-грчката граница се протега во должина од околу 10 km.  Од главниот гребен, во североисточен правец се разгрануваат десетина, а кон запад три поистакнати споредни гребени. Така, од врвот Широко Стапало (2415 m) кон врвот Пелистер (2601 m) и понатаму на север до Кале (1615 m), формиран е планински гребен во должина од околу 8 km., помеѓу врвовите Пелистер и Стив (2468 m) се наоѓа маркантен гребен, кој понатаму се раздвојува на два помали гребени во правец на Копанки и Јоргов Камен (1744 m).