Ендемични и ретки видови растенија

Ендемични и ретки видови растенија

Во Националниот Парк Пелистер постојат голем број флористички видови кои имаат меѓународно значење (видови на Светската и Евроpската црвена листа на загрозени видови, видови заштитени со Бернската Конвенција, со Хабитат директивите на EУ, CORINE – видови и сл.

           

Во НП Пелистер се регистрирани неколку таксономи кои потекнуваат од други делови на Балканскиот полуостров и Европа, а на територијата на РС Македонија единствено се развиваат на оваа планина, како на пример: Dianthus stenopetalus, Tozzia alpine subsp. Carpatica, Viola parvula…

Локални ендемити (locus classicus) или субендемити – Во Националниот парк Пелистер за прв пат се откриени и опишани како нови за науката над 15 таксони од групата на цветните растенија, односно таму се наоѓаат нивните класични наоѓалишта (Locus classicus), како на пр.:  Alchemilla peristerica, Dianthus myrtinervius, Crocus pelistericus, Sempervivum octopodes.