Дневни пеперуги

Дневни пеперуги

120 видови на Дневните пеперуги (Cepѓdoptera, Rhopalocera) на Пелистер

                   

Дневните пеперуги во Македонија се релативно добро истражена група на инсекти благодарение на големиот интерес од домашните и странски ентомолози во дваесеттиот и дваесет и првиот век. Најстарите литераryрни податоци за планината Пелистер датираат уште од почетокот на дваесеттиот век. Како резултат на поновите истражувања во Националниот парк Пелистер се објавени 101 вид од авторите Мицески и Мицевски (2005).

                   

Во книгата на Verovnik et аl. (2010) се утврдени 52 вида од два локалитета од преспанската страна на Пелистер (над село Курбиново). При компарирање на податоците, вкупно 16 видови не се констатирани во последните истражувања во 2019 година, а со вклучување на сите видови објавени во литературата, вкупниот број на видови на Пелистер би бил 120 видови. Ова претставува 58,5 % од вкупната фауна на пеперуги во РС Македонија.