Врнежи

Врнежи

При анализата на врнежите во еден подолг период се земени податоци од неколку станици. Врз основа на податоците од Табела 12 е направена математичка врска помеѓу врнежите и надморската височина.

Табела 12. Просечни врнежи кај некои дождомерни станици по месеци

При апроксимацијата на врнежите за различни зони на планината Баба може да се земат вредностите добиени по математички пат, како корелација со надморската височина. Притоа, за субалпското и алпското подрачје, врнежите се одредени врз база на аналогија со дождомерни станици во слични подрачја во земјата (Табела 13).

• ЛК (ладно континентално) – 1010 m. н.в., 891 тт

• ПК (подгорско континентално): 1200 m. н. в., 997 т т

• ГК (горско континентал но): 1475 m. н. в., 1098 т т

• СП (субаалско планинско): 1950 m. н.в., 1040 тт – проценка

• АП (алпско планинско) : 2425 m. н.в., 1000 m – проценка

Иако нема мерни податоци, максималната очекувана просечна годишна сума на врнежи во ова подрачје не би требало да биде поголема од 1200 тт, на кота околу 1650 m. н.в.

Утврдена е логаритамска зависност помеѓу котата и врнежите со коефициент на детерминација од Р2= 0.996, што значи дека врската е скоро функционална. За утврдување на врнежите во НП Пелистер за периодот 1991 – 2000 година се користени соодветни податоци од станиците Битола и Кажани.

Според податоците, просечните врнежи во оваа декада и кај станицата Битола (590 тт > 607 тт) и кај станицата Кажани (805тт > 800 тт) се многу блиску до просечните врнежи за повеќегодишен период (1951-1990 година), со тоа што кај Битола се со помали, а кај Кажани со поголеми вредности. Особено сушни години се 1993 и 2000 година.

Како повлажна година се издвојува 1996 година.

Другите се во близина на просечните вредности.