Село Брајчино – Големо Езеро

Село Брајчино – Големо Езеро

Село Брајчино – Големо Езеро

       

 

Опис на патеката: Патеката долга е 14 километри и временски трае 5-6 часа.

Патеката се наоѓа на Пелистер – Баба Планина, Општина Ресен и започнува над селото Брајчино и води до Големо Езеро на Пелистер.

Намената на патеката е планинарска, рекреативна и визуелно е атрактивна, со поглед и видливост кон Преспанското Езеро, а по искачувањето на Големо езеро се пружа и поглед кон Битола и Пелагониската котлина.

 

 

Тежина: Средно тешка.

Стартно место/надморска  висина: Брајчино на 1.000 мнв.,

Крајна точка: Големо Езеро на 2.218 мнв., Вкупна денивелација: 1.218 мнв.

Доминантен вид на растенија на овој простор се дабовата шума, буката, габерот, дренот, дивата слива, врбата, кантарионот, мајчина душица, планински чај, магарешки трн, чемер, линцура, боровинка, малинка, смрека и тн., Од животинските видови може да се сретне мечка, волк, лисица, дива свиња, јазовец, зајак, смок, поскок, шарка, орел, сокол, црн клукајдрвец, еребица и повеќе други ретки видови на птици, пеперутки и инсекти.

Патеката е од значителен туристички интерес за посетители кои престојуваат во село Брајчино и се интересираат за искачување до Големо Езеро или до Врвот Пелистер. Патеката е позната како Патека до Големо Езеро.