Планинарскa Куќа – Широка

Планинарскa Куќа – Широка

Објектот на Планинарскиот дом „Широка“, или т.н. Ловечка куќа, се наоѓа на долниот дел од месноста Широка, па оттаму оваа, сега адаптирана планинарска куќа го добива и името Планинарски дом Широка. Објектот го стопанисува планинарскиот клуб „Димитар Илиевски Мурато“, но овие планинарски ентузијасти имаат сериозен проблем да ги комплетираат санитарните делови на овој објект.

Точната локација на Широка е од Ловечката Куќа на 1.950 метри надморска височина, па се до 2.450 метри н.в. местото наречено “Семафорите“ каде што се дели патот на едната страна кон врвот Пелистер, на другата, кон Мало Езеро (2.180 м.н.в.), и на третата, кон Партизански Врв, односно кон месноста Козји Камен (2.400 м.н.в.) Ова широко пространство е обрабено со сртови кои се спуштаат кон изворите на Цапарска Река.

Раскошната убавина на Широка е присутна во летниот период кога овој простор е прошаран од разнобојни планински цвеќиња. За многумина собирачи на шумски плодови Широка е локацијата од каде што собираат боровинки и разни видoви чаеви, посебно мајкина душичка коа во јулските горештини дава опоен мирис. Но, Широка нуди убавини, независно од годишното време. Идеалната поставеност на Широка во форма на потковица овозможува безбедно скијање, бидејќи сите патишта водат и завршуваат на едно место, а тоа е изворот на Цапарска Река во близина на Ловечка Куќа.

Инаку, до месноста Широка најчесто се доаѓа по планинскиот пат кој од Информативниот центар на околу 1.350 м.н.в. (поранешната вила на Лазо), преку Палиснопје и Цапарска Пресека, по поминати 10-тина километри, до Ловечката Куќа, од каде што и почнува пределот Широка.

Текстот за оваа информација е адаптиран од текстот на авторот Драган Ристевски објавен во „Битола Њуз“ (види врска: https://bitolanews.mk/2017/12/10/%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%ba%d0%be%d1%88%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d0%b6%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d0%b8%d1%80%d0%be%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82/?utm_campaign=shareaholic&utm_medium=facebook&utm_source=socialnetwork&fbclid=IwAR0YlLdYCci2xsm3cKZwT2RdzB55xyHCU2VEkF64E2wKl4urGQksdtxlg_s