Климатски услови и температури
Климатски услови и температури
На планината Баба, каде се наоѓа Националниот парк Пелистер, се чувствува влијанието на континенталната и планинската клима. Влијанието на планинската клима е зголемено бидејќи станува збор за висока планина над 2000 m.
На климатските прилики на планината Баба влијаат повеќе фактори, како, географската широчина, надморската височина, правецот на протегање на планинските сртови, вегетацијата и сл. Западните делови на планината, особено оние на помала надморска височина, се под силно климатско влијание на водните басени на Охридското и Преспанското Езеро.
Температура на воздухот
Во НП „Пелистер”, не постои мерна станица за следење на температурите на воздухот. При анализите се користени податоци од мерната станица во Битола.
Според податоците на УХМР, просечната годишна температура е со вредности од 11,2°С до 11,9°С. Температурната амплитуда за периодот 1951-1990 година изнесува 22,3°С (-0,4°С до 21,9°С), во периодот 1991-2000 година изнесува 23,5° (-1°С до 22,5°С), а за периодот 2001-2010 година изнесува 22,7°С (0,6°С до 23,3°С). За да се утврди просечната температура по зони, користен е методот со изохипси и методот на корелација. Од пресметките се добиени вредностите дадени во Табела 11.
Табела 10. Пресметани средномесечни и годишни температури на воздухот во степени Целзиусови за период 2001/2010 година.
Почвено-климатски-вегетациски зони
Националниот парк Пелистер се протега на надморска височина од 880 – 2601 m. Според методологијата на Филиповски, Ризовски и Ристески, (1996) во Паркот се јавуваат неколку поч вено-климатско-вегетациски подрачја:
• ладно континентално ЛК (880-1100 m. н. в.), средно 1010 m. н. в.;
• подгорско континентално ПК (1100-1300 m. т н.в.), средно 1200 m н.в;
• горско конти нентал но ГК (1300-1650 m. н. в.), средно 1475 m. н. в.;
• субалпско планинско СП (1650-2250 m .н.в.), средно 1950 т m. н.в. и
• алпско планинско АП (2250-2601 m.н.в.), средно 2425 m. н.в
Во субалпското подрачје просечна негативна температура се јавува и во месец март, а пак во алпското, во месеците март и ноември.
Врнежи
При анализата на врнежите во еден подолг период се земени податоци од неколку станици. Врз основа на податоците од Табела 12 е направена математичка врска помеѓу врнежите и надморската височина.
Табела 12. Просечни врнежи кај некои дождомерни станици по месеци
При апроксимацијата на врнежите за различни зони на планината Баба може да се земат вредностите добиени по математички пат, како корелација со надморската височина. Притоа, за субалпското и алпското подрачје, врнежите се одредени врз база на аналогија со дождомерни станици во слични подрачја во земјата (Табела 13).
Иако нема мерни податоци, максималната очекувана просечна годишна сума на врнежи во ова подрачје не би требало да биде поголема од 1200 тт, на кота околу 1650 m. н.в.
Утврдена е логаритамска зависност помеѓу котата и врнежите со коефициент на детерминација од Р2= 0.996, што значи дека врската е скоро функционална. За утврдување на врнежите во НП Пелистер за периодот 1991 – 2000 година се користени соодветни податоци од станиците Битола и Кажани.
Според податоците, просечните врнежи во оваа декада и кај станицата Битола (590 тт > 607 тт) и кај станицата Кажани (805тт > 800 тт) се многу блиску до просечните врнежи за повеќегодишен период (1951-1990 година), со тоа што кај Битола се со помали, а кај Кажани со поголеми вредности. Особено сушни години се 1993 и 2000 година.
Како повлажна година се издвојува 1996 година.
Другите се во близина на просечните вредности.