Одбележани 75 години национален парк “Пелистер“

30.11.2023

Националниот парк “Пелистер“ од Битола одбележува 75 години од прогласувањето за прв национален парк во поранешна Југославија. Одбележувањето беше со отворање на изложбата на “Убавините на Пелистер“ од Петар Ставрев, која е поставена во фоајето на Центарот за култура од Битола.

На одбележувањето на денот на националниот парк “Пелистер“ директорот на националниот парк Пелистер, Малиќ Шемшедини рече:

-Во соработка со вработените и Ставрев се одлучивме да го организираме овој настан. Денес кога го одбележуваме денот кога пред 75 години Баба планина е прогласена за национален парк “Пелистер“ кој е значаен за Битола, не би сакал да зборувам за тоа во каква ситуација е паркот, а само ќе речам дека е добра. Една работа која посебно ми дава сигурност дека ќе продолжиме и поматаму да ги промовираме вредностите на националниот парк, ми даваат вработените кои ги затекнав кога ја презедов функцијата директор. Тоа се професионалци кои тука работат подолго време кои од срце се залагаат националниот парк “Пелистер“ да биде успешна приказна, не само за Битола туку и за државата. Затоа им благодарам на сите. Вратите на паркот се отворени за сите за нови идеи, за нова соработка, за се што е позитивно за паркот и ќе продонесе за развој.

Целиот пост од Bitola News можете да го прегледате на следниот линк