Почви

Почви

Типови почва во НП Пелистер

Националниот парк Пелистер изобилува со голема хетерогеност на педогенетски фактори, што условува големо разнообразие на почвениот покривач. Образувањето на почвата е во тесна врска со педогенетските фактори, како што се геолошката матична карпа – супстрат, потоа биолошката разновидност во средината, човекот, климата, релјефот, староста на теренот, наклонот, изложеноста на теренот други фактори.

 

         

 

Матичниот супстрат (геолошката подлога), има големо влијание на педогенезата на почвата, бидејќи формирањето на почвите директно е зависно од продуктите на распаѓањето на истите. Главна одлика на геолошката подлога е тоа што таа е силикатна. Гранитите кои доминираат на теренот се кисели магматски карпи во кои содржината на SiOZ достигнува околу 75%, а содржината на A1Z03 околу 13%. Останатите оксиди се многу малку застапени.

 

 

Габрото и дијабазот се базични магматски карпи во кои содржината на SiOZ достигнува до 47%. Шкрилестите карпи (зелени шкрилци, кварц серицитски шкрилци) се типични карпи со листеста структура. Останатите карпи (глацијалните и флувиглацијалните наслаги) како седиментни карпи, настанале со транспорт и таложење на раздробен материјал од понапред опишаните видови карпи. Шкрилестата структура на некои од карпите овозможила поголемо дејство на активните педогенетски фактори и подлабоко раситнување на супстратот. Поголемата количина на кварц, а мало количество на материјал за глина во составот на карпите е една од основните причини за лесниот состав на почвите.

 

 

 

Во Националниот парк „Пелистер”, во подножјата на падините, во вид на серија наносни конуси „ладала” се застапени колувијалните почви. Зафаќаат површина од 271,80 ha unu 1,58% од површината на паркот.

На брановидно-ридските релјефски форми и езерски тераси се среќаваат површини под лесивирани почви. Лесивираните почви, како самостоен почвен тип во границите на паркот зафаќаат површина од 41,90 ha unu 0,24°/о. На многу мала површина во паркот од 1,23 ha ce среќаваат како комплекс со регосолите.

 

 

На планинските страни се среќаваат ранкери, лептосоли, комплекс од кафеава шумска почва, лептосол и регосол и комплекси од лептосоли и регосоли. Ранкерите зафаќаат површина од 6421,60 ha unu 37,4% од вкупната површина на паркот. Лептосолите, како самостоен почвен тип се среќаваат на површина од 2537,61 ha unu 14,78% од вкупната површина на паркот. Во комплекс со регосолите се среќаваат на површина од 345,96 ha unu 2,01°/о, а во комплекс со кафеавите шумски почви и регосолите се среќаваат на површина од 7548,65 ha u 43,96 %.