Водни макроинвертебрати

Водни макроинвертебрати

Водни макроинвертебрати

Значаен дел од разнообразието инвертебратите се водните макроинвертебрати (водни или акватични без’рбетници). Поимот макроинвертебрати не претставува таксономска категорија, тyку вештачки воспоставена терминологија која се однесува на дел од фаунистичките групи на без’рбетните животни кои го населуваат водниот екосистем. Диверзитетот на макроинвертебратите претставен од планарии, полжави, школки, водни црви, пијавици, ракови и водни инсекти јасно го надминува бројот на рибите и макрофитите. Се проценува дека бројот на видови без’рбетници кои ги населуваат водните екосистеми изнесува повеќе и од 100000.

Деталниот преглед на литератyрните податоци, анализата на резултатите од истражувањата во НП Пелистер, покажуваат дека најголем дел (53 вида) од водните без’рбетници отпаѓаат на акватичните инсекти од редот на водни молци (Trichoptera) во чии рамки доминира фамилијата Limnephilidae (23 таксони).

Големо е разнобразието и на двокрилците (Diptera, 40 таксони), пролетниците (Plecoptera, 39 таксони), како и акватичните прстенести црви (Oligochaeta, 28 таксони). И покрај тоа што еднодневките (Ephemeroptera) честопати се едни од квалитативно доминантните групи во водните екосистеми, сепак од овие акватични инсекти на подрачјето  на НП Пелистер  се познати само 14 вида.

Кон целокупната биолошка разновидност во НП Пелистер, значително придонесуваат и раковите (Crustacea, 9 видови) од коишто во рамките на оваа анализа се земени во предвид само значајните видови од Anostraca, Copepoda, Amphipoda u Decapoda. Тука спаѓаат и пијавиците (Hirudinea, 5 видови), акватичните полжави и полутврдокрилците (Crustacea u Hemiptera, 4 видови) и планариите (Turbellaria, 2 вида). Гледајќи го бројот на таксони (1), школките (Bivalvia) u големокрилците (Megaloptera) ce помалку значајни.