Историска патека
Историска патека
Инфо центар – Хотел Молика (Историска патека)

Опис на патеката: Патеката е долга 2 километри и може да се користи за искачување, ако се поаѓа од Информативниот центар на Пелистер, или за слегување ако се поаѓа од хотелот Молика на Пелистер.

Намена: патеката е планинарска и пешачка, наменета за рекреација и историски сознанија за Пелистер, Баба Планина, градот Битола и РС Македонија.
Тежина: Лесна патека
Стартно место/надморска висина: Инфоцентар НП Пелистер на1360 мнв.
Крајна точка: 1450 мнв., Вкупна денивелација: 90 мнв.
Флора и фауна: Доминантен дрвенест вид вдолж патеката е моликата, македонскиот бор (Pinus peuce Grisebah) и елата (Abies alba), папрадот, капините, шумските јагоди, жолтата јаглика, качунката и сл., а од животинските видови може да се сретнат, срна и срндак, лисица, зајак, верверица, крт, повеќе видови пеперутки и инсекти.

Атрактивност: Патеката е од значителен туристички интерес за посетителите кои се интересираат за историјата и минатото на РС Маскедонија. Патеката е позната како Историска патека, бидејќи дава историски опис на настаните од Првата светска војна кои се случувале на Баба Планина, Пелистер, во Битола и околните села на Пелистер.

Патеката има поголем број на информативни табли, и неколку покриени настрешници со информативни фотографии и податоци, и може да послужи, покрај информирањето на туристите за настаните од Првата светска војна, и за реконструкција и опис на воените дејствија, за визуелно доживување на изгледот на тогашните униформи, оружја и орудија на армиите учеснички во војната, како и за месното население, за последиците од војната по населението на Битола и околните села, како и за многу други детали од тој период.

Особено е погодна за изведување на историски час за Првата светска војна и за настаните на Македонскиот фронт (Солунскиот фронт).



