Бор – Молика – Pinus peuce Gris.

Бор – Молика – Pinus peuce Gris.

181 ГОДИНA ОД ОТКРИВАЊЕТО НА МОЛИКАТА НА ПЕЛИСТЕР

Ботаничарот Henrich August Rudolf Grisebach, односно Август Гризебах (1814 – 1879) студирал ботаника и медицина во Берлин и Гетинген, Германија. Докторирал во 1836 година. Бил универзитетски професор по ботаника и растителна географија на Универзитетот во Гетинген, Германија и директор на Ботаничката градина во истиот град. Тој се смета за основач на растителната географија-фитогеографија. Ја истражувал флората на повеке делови од Европа (Алпите, Пиринеите, Скандинавија, Карпатите и особено на Балканскиот Полуостров), Мала Азија, Карипското флористичко подрачје итн. Тој е прв систематски истражувач на флората на Пелистер и во Македонија. На своето пропатување и истражување на флората на Балканскиот Полуостров во 1839 година при посетата на тогашната покраина Румелија, која и припаѓала на Отоманската Империја, во времето од 29 јуни до 8 јули, истата година ја посетил и Битола.

На 2 јули 1839 година, Гризебах, прдржуван од 11 турски војници и Николаки Стерју од село Магарево, го посетил Пелистер каде што го хербаризирал петоигличестиот бор, на кој му го дал научното име Рiпиѕ реисе, нов вид за науката, објавен во 1844 година.

Во 1844 година дефинитивно го одредил систематскиот статус на борот молика, и го и објавил како нов вид за науката (ѕресiеѕ nova) под името Рiпиѕ реисе. Заради описите за видовите во Румелија, во руската, чешката и германската литература е борот Pinus peuce е познат под името румелиски бор, додека англиското и италијанското име му е македонски бор, а ботаничарот Јован Цвијиќ во1871 му го дал името „молика“, кое сега е најчесто во употреба.

Борот Молика преставува балкански ендем и терциерен реликт. Во Македонија е распространет на Баба Планина со врвот Пелистер, Шар Планина, Кораб, Ниџе, Кожув Планина, Галичица, Јабланица во месноста наречена “Крст” над с. Горна Белица на македонско – албанската граница.

Во 1969 година во организација на Друштвото за науха и уметност Битола, Националниот парк “Пелистер” и Шумарскиот факултет од Скопје, на Пелистер беше организиран Прв меѓународен Симпозиум за моликата, по повод од 130 години од најзиното откривање од страна на Август Гризебах. Во таа чест беше поставена и спомен плоча на карпите во “Ластојчин Камен” на Пелистер.

Првиот хербаризиран материјал за научната јавност е колекциониран од страна на Аугуст Грисебах на 2 јули во далечната 1839 година. Тој хербарски материјал холотип и алотип се чува во Хербариумот на Грисебах во Ботаничкиот Институт во Гетинген – Германија.