Тврдокрилци: Тркачи
Тврдокрилци: Тркачи
Тврдокрилци – Coleoptera – Beetles
Тврдокрилната фауна (Coleoptera) на Пелистер опфаќа 14-ина референци кои се однесуваат на 16 локалитети на Пелистер и неговата околина, а во истата се опфатени вкупно 130 таксони од 22 фамилии. Во оваа бројка не се вклучени видовите од фамилијата Carabidae (која опфаќа вкупно 105 видови), бидејќи истата подолу е потемелно обработена.
Разновидност на тркачите (Carabidae, Coleoptera) – 105 таксони.
Посериозните истражувања на тркачите (Carabidae) на Пелистер започнуваат во 1908 година, а во 1909 година е опишап првиот вид од Пелистер: Penetretus Sterbai Rambousek, вид кој е познат само од Планината Пелистер. Во периодот на Првата светска војна е евидентиран видот Tapinopterus monastirensis, видот Trechus hajeki, Duvalius macedonicus и Duvalius peristericus, потоа видот Trechus goebli…
Во последните дваесетина години се објавени поединечни податоци за Пелистер. Во овој период е опишан уште еден и нтересен вид од долината на река Шемница – Winklerites moraveci.Целокупна информација во научната литература за распространувањето на тркачите се објавени во последните пет години (Hristovski and Gueorguiev 2015; Hristovski et а1. 2016).
Согласно овој преглед, во објавената литература за тркачите на Пелистер и новите истражувања се соопштени вкупно 105 видови тркачи.