Патека по камењар до Врв Пелистер

Патека по камењар до Врв Пелистер
Хотел Молика – Видиковец – Камењар – Врв Пелистер (патека по камењар)
Опис на патеката: Патеката долга е 8 километри и временски трае 4,30 – 5 часа.
Патеката започнува од Хотелот Молика, проаѓа низ месноста Копанки, по Камењар до Видиковецот, по Првиот врв, Засолништето, Вториот врв и завршува на самиот врв Пелистер.
Намената на патеката е планинарска и алпинистичка и е визуелно атрактивна, со поглед и видливост на четири страни, особено од врвот Пелистер, кон Преспанската Котлина, Пелагониската Котлина, врвовите на Баба Планина и градот Битола.
Тежина: Тешка патека.
Стартно место/надморска висина: Хотел Молика на 1.420 мнв.,
Крајна точка: Врв Пелистер 2.601 мнв., со вкупна денивелација:1.181 мнв.
Патеката е наменета за посетителите кои се интересираат за искачување до Врвот Пелистер, кои имаат и порив за алпинизам. Патеката е позната како Патека по камењарот, бидејќи поголемиот дел проаѓа низ каменести предели.
Патеката е целосно одбележана според планинарските и алпинистичките стандарди.
Има и видиковец, и едно засолниште кое може да послужи во случај на невреме.