Голема Ливада

Голема Ливада

Локацијата Голема Ливада се наоѓа западно од населеното место Магарево на надморска височина од 1.280м. Има умерено континентална клима  и  силно нагласени годишни сезони.  Месноста Голема Ливада има корисна површина од 4.000 м2 и е природно собиралиште на Битолчани за еднодневен одмор и рекреација,кој во некои викенд денови собира и до 2.000 посетители.

Голема Ливада располага со неколку настрешници и поголем број на клупи и маси за седење, кои се користат од посетителите, има и две чешми. До Голема Ливада водат три пешачки и велосипедски патеки, од Ротино, од Магарево и од Цапарска Пресека.

Во моментот е во тек процедура за поставување на Детски забавен парк на едната страна од ливадата, кој ќе овозможи поголема забава за посетителите, особено најмладите.

Асфалтниот пат  Битола – с. Магарево – хотел Молика проаѓа на 300 м. од Голема Ливада, а до асфалтот води макадамски пат. На другата, страна Голема Ливада е поврзана со земјен пат до селото Ротино, кое е оддалечено 1,5 км. Голема ливада е поврзана и со земјен пат до Информативниот центар на НП Пелистер, но тој пат е потесен и е достапен само со теренско возило, во должина од  500 м.

Инаку, во процедура и постапка, која ќе потрае до реализацијата, како јавно – приватно партнерство,  инвестирање во изградба на туристички центар за рекреација – со кој на локацијата би биле изградени бунгалови,  планинска куќичка, септичка јама, спортски терен, продажни пунктови за чај, напитоци и храна, ресторан -кафе-бар во етно-стил, наткриен простор за скара, простор уреден за детска игра, парцели за кампирање, санитарен јазол (тушеви и тоалет) и сл.