Ски центар Копанки

Ски центар Копанки

Ски центар Копанки

На платото пред Копанки постои горниот дел од жичницата која од таму се спушта до Хотелот Молика (Бегова Чешма). Комплетната инфраструктура на жичарницата, ски стазата и ски лифтот се наоѓаат покрај хотел Молика на почетна надморска височина од 1.420 метри каде што е почетокот на жичарницата, 1.610 метри е локацијата на планинарскиот дом Копанки и стартот на Ски стазата на надморска висина од 1.800 метри. Во зимите со повеќе снег, Ски Центарот Кoпанки е масовно посетен од битолските и надворешни љубители на скијањето.

До локацијата Копанки се стигнува по добар, асфалтен пат од Битола преку селата Магарево и Трново до Бегова чешма (хотел “Молика” 1.420 м.н.в.) по поминати 18 километри го паркирате возилото, а потоа по планинарска патека низ шума со борови дрва и папрат за 30 минути стасувате до домот. Можно е и со жичница, ама со однапред направен договор.

 

Ски центарот ,, Копанки “ за гостите и посетителите кои ги очекува располага со две постројки кои се комплетно реновирани и ставени во функција и тоа:

Жичарница и ски стаза “ Бегова Чешма – Копанки“

  • Должина на комплетната постројка 680 метри
  • Почетна станица на надморска висина 1400 метри
  • Крајна станица на надморска висина 1610 метри
  • Број на корпи со две седишта 68
  • Капацитет за превоз на патници 500 на час
  • Просечен нагиб 36 %

Ски – Лифт и ски стаза ,, Копанки “

  • Должина на комплетната постројка 580 метри
  • Почетна станица на надморска висина 1610 метри
  • Крајна станица на надморска висина 1800 метри
  • Број на сидра за влечење 45
  • Капацитет за превоз на скијачи 700 на час
  • Просечен нагиб 38 %.