Работилницата на тема Усогласување на практиките за управување со шумите пропишани во шумските планови за шумската единица „Вртушка“ со Планот за управување со НП Пелистер

05.12.2023
Работилницата на тема Усогласување на практиките за управување со шумите пропишани во шумските планови за шумската единица „Вртушка“ со Планот за управување со НП Пелистер
Анализа на темата имаа прооф. Николчо Велковски од Шумарски факултет и проф. Славчо Христовски од ПМФ-биологија, кои ја спроведоа оваа активностт во шумската единица Вртушка, оддел 20 а.
Првиот дел се однесуваше за ревитализација на изданкови и деградирани шумски насади преку примена на еколошки прифатливи практики и беше успешно завршена со фокус на подигнување на квалитетот на шумските екосистеми.

 

         

 

Вториот дел се однесуваше на мртвата шумска дрвесина која игра важна улога во зачувувањето на биолошката разновидност и важноста на екосистемите во управувањето со шумите. Таа е важен дел од екосистемите, претставувајќи природен хабитат и извор на живот за многу видови.
Учесниците на работилницата разменуваа идеи и искуства, развиваа предлози за проекти и акции што можат да се спроведат во иднина за ревитализација на изданковите и деградирани шумски насади. Исто така ги разгледуваа можните финансиски извори и партнерства за поддршка на овие иницијативи, со цел да се обезбеди нивната успешна имплементација во другите заштитени подрачја.
Учесници: Национален парк Галичица, Национален парк Маврово, Национален парк Шар планина, Општина Ресен-ЗП Парк Езерани, Државен Инспекторат за шумарство и ловство, директор на Национален парк Пелистер и вработени ЈУНПП.