Мониторинг и конзервација на клучните вредности во Националниот Парк Пелистер

28.12.2023
Со најголемо задоволство, изразуваме најискрена благодарност за фондацијата ПОНТ за поддршката низ сите изминати години и финансиска инвестиција која Националниот парк Пелистер ја доби со потпишувањето на Договорот за грант за Мониторинг и конзервација на клучните вредности во Националниот парк Пелистер за наредните три години.
Грантот е значаен момент во нашата мисија за заштита на природата и биолошката разновидност. Со оваа финансиска поддршка, ќе имаме можност да ги унапредиме нашите мониторинг и конзервациони активности за клучните вредности и да го подобриме управувањето на паркот.
Со оваа поддршка, ќе можеме да се фокусираме на извонредните вредности на паркот и да ги заштитиме за следните генерации. Овој грант не само што допринесува финансиски, туку исто така ни дава доверба и инспирација за продолжување на нашата работа за заштита на природата.