Новости

ЈАВЕН ОГЛАС за раководител на проект

 

Позиција: Раководител на проект (Проект поддржан од PONT)

Институција: Јавна установа Национален парк Пелистер

Локација: Битолa, Северна Македонија

Рок за аплицирање:  Од 13.11.2025 Ноември до 05.12.2025 Декември

Преглед на позицијата

Јавната установа Национален парк Пелистер,( https://park-pelister.com/) со финансиска поддршка од Фондот за природа Преспа-Охрид (PONT) (https://www.pont.org/), го спроведува проектот „Подобрување на ефикасноста на управувањето и зачувувањето на биолошката разновидност во Националниот парк Пелистер“ (Договор за грант бр. 03-283, од 27 декември 2023 година). Проектот ја поддржува долгорочната заштита на уникатните екосистеми, живеалишта и видови на Паркот и го зајакнува неговиот капацитет за следење на биолошката разновидност, реставрација на живеалиштата, одржливо управување со посетителите и соработка со локалните заедници и партнери.

Во оваа рамка, раководителот на проектот ќе игра клучна улога во преведувањето на визијата за зачувување на Паркот во конкретна акција на терен. Позицијата е одговорна за координирање и надгледување на спроведувањето на проектните активности, осигурувајќи дека резултатите се постигнуваат ефикасно и во согласност со барањата PONT проектот. Работејќи под надзор на директорот на паркот и во тесна соработка со техничките и административните тимови на паркот, раководителот на проектот ќе соработува и со PONT, локалните институции, истражувачките организации и засегнатите страни во заедницата.

Позицијата има клучна улога во обезбедување непречена комуникација, ефикасно известување и транспарентно спроведување на активностите, со што директно придонесува кон зајакнување на ефикасноста на управувањето, подобрување на заштитата на биолошката разновидност и промовирање на одржливо користење на природните ресурси во Националниот парк Пелистер.

 

Детали за позицијата

  • Вид на ангажман: Договор за услуги
  • Работно време: Полно работно време (40 часа неделно, 07:00–15:00)
  • Работно место: Простории на Националниот парк Пелистер, Битолa
  • Месечен надомест: 55.000 МКД (нето)

Главни одговорности

Под надзор на директорот на паркот, раководителот на проектот ќе:

  • Планира, координира и надгледува спроведување на проектните активности во согласност со одобрениот работен план;
  • Обезбедува навремена подготовка на технички и финансиски извештаи и годишни планови и буџети во согласност со стандардите на PONT и националните прописи;
  • Следење на индикатори, и резултати од проектот и предлагање корективни мерки кога е потребно;
  • Водење на ефикасна комуникација и соработка со PONT, обезбедување навремена координација, размена на информации и известување;
  • Обезбедување усогласеност со сите барања и стандарди на донаторот, вклучувајќи ги обврските за известување, финансиско управување, набавки и видливост;
  • Развивање нови проектни апликации за обезбедување на идно финансирање и обезбедување континуитет на активностите во согласност со Планот за управување со паркот;
  • Поддршка на иницијативи за стратешко планирање, видливост и споделување знаење на паркот.

Потребни квалификации

  • Универзитетска диплома по биологија, екологија, еколошки науки, шумарство или управување со природни ресурси;
  • Докажано искуство во управување или координација на проекти, по можност во рамките на програми за животна средина, биодиверзитет или заштита;
  • Добро разбирање на имплементацијата на проекти финансирани од донатори, вклучувајќи известување и буџетирање;
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и писмен);
  • Силни организациски, комуникациски и тимски вештини;
  • Познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint) и способност за користење на основни алатки за управување со проекти.

Препорачани квалификации:

  • Искуство во подготовка или управување со апликации за донатори;
  • Познавање на националните и ЕУ рамки за биолошка разновидност и заштита на природата.

Постапка за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следниве документи:

  1. Мотивациско писмо (максимум две страници), во кое ќе бидат наведени релевантното искуство и мотивацијата за аплицирање;
  2. Кратка биографија (CV);
  3. Копија од релевантната/ите универзитетска/и диплома/и, писмо за препорака.

Апликациите треба да се достават во затворен плик или по пошта, најдоцна до датумот кој ќе биде одреден:

Национален парк Пелистер, ул. Виенска бр. 14, 7000 Битола,

со ознака: „Апликација – Раководител на проект (PONT проект)“.

Сите апликации ќе бидат разгледани од независна експертска комисија назначена од Јавната установа Национален парк Пелистер.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани за интервју.

Изјава за еднакви можности

Националниот парк Пелистер го почитува принципот на еднакви можности при вработување и ги охрабрува сите квалификувани кандидати, без разлика на род и потекло, да аплицираат.

Јавен повик – Барање и Договор за откуп на боровинки за 2025 година

 

Јавната Установа Национален парк Пелистер – Битола во прилог ви ги доставува упатствата за учество на Јавниот повик за откуп на боровинки за 2025 година.

Јавен повик за откуп на боровинки за 2025 година

Барање за откуп на боровинки за 2025 година

Договор за откуп на боровинки за 2025 година

Лице за контакт: Гоце Цуцулоски

Телефон : 078 261 232

 

Јавен повик – Барање и Договор за откуп на боровинки за 2024 година

 

Јавната Установа Национален парк Пелистер – Битола во прилог ви ги доставува упатствата за учество на Јавниот повик за откуп на боровинки за 2024 година.

Јавен повик за откуп на боровинки за 2024 година

Барање за откуп на боровинки за 2024 година

Договор за откуп на боровинки за 2024 година

 

Дата на обајава  17.08.2023

          С О О П Ш Т Е Н И Е

Јавната Установа Национален парк Пелистер – Битола ги известува Откупувачите и Собирачите на боровинки дека бербата на боровинки за 2023 година ќе започне на 18 август.

Собирачите на боровинки треба да се придржуваат кон следниве услови:

– со себе да ја носат легитимацијата и да имаат набавено маркица за собирање за 2023г., а доколку немаат легитимации истите да ги набават во дирекцијата на НП Пелистер;

          – плодовите да ги собираат само ако се со оптимална зрелост и да не ги оштетуваат со механички средства (косење, сечење, корнење и сл.).

За лицата затекнати на теренот без дозвола за собирање и пред дозволениот почеток на бербата, и кои нема да се придржуваат на погоре наведените правила, согласно Законот за шуми и Законот за заштита на природата, следува висок из­нос на глоба.

Контролата на теренот ќе ја вршат овластени лица од НП Пелистер, Шумската и редовната полиција, и ќе се поднесуваат пријави, и ќе се покренуваат судски постапки.

Се известуваат и Откупувачите дека пред да започнат со откуп на теренот (откупните пунктови околу НП Пелистер), тие мора да имаат потпишан договор со НП Пелистер, доставени списоци на ангажирани возила со регистерски таблички, и да имаат претходно прибавена дозвола за откуп од Министер­ството за животна средина и просторно планирање.

Архивирано Соопштение- Боровинки

Дата на обајава  17.07.2023

Од 17 јули важи Одлуката на Владата за забрана за движење во шуми 👇
“Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од утре, 17 јули 2023 година (понеделник).
Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли”

Дата на обајава  05.10.2022

Националниот парк Пелистер ќе добие Aвантуристички парк

Повеќе на  zelenaberza.com

Повеќе на apla.mk

Повеќе на nezavisen.mk

Дата на обајава 30.08.2022

Оглас  набавка  возила

Одлука јавна набавка

TD1-PREVEN-T-NP Pelister-30. 08. 2022

Letter_invitation_tender_PalmaShop

Letter_invitation_tender_MidaGrandMotors_FordMacedonia

Leter_invitation_tender_LadrusLadaMakedonija

PREVEN-T TD1 _list_simp_en

 A_PREVEN-T_TD1

PREVEN-T TD1 c2_contractnotice_simp_neg_en

PREVEN-T TD1 c4b_itt_en

B_PREVEN-T_TD1

PREVEN-T TD1 c4o2_lefind_en

PREVEN-T TD1 c4o3_lefcompany_en

PREVEN-T TD1 c4o4_lefpublic_en

PREVEN-T TD1 c11_provfinalaccept_en

PREVEN-T TD1 c4c_contract_en

PREVEN-T TD1 c4d_specialconditions_en

PREVEN-T TD1 c4e_annexigc_en

PREVEN-T TD1 c4f_annexiitechspeciiitechoffer_en

PREVEN-T TD1 c4g_annexivfinoffer_en

PREVEN-T TD1 c4o1_fif_en

C_PREVEN-T_TD1

PREVEN-T TD1 c4j_admingrid_en

PREVEN-T TD1 c4k_evalgrid_en

D-PREVEN-T_TD1

PREVEN-T TD1 a14a_declaration_honour_procurement_en

PREVEN-T TD1 c4l_tenderform_en