Алги

Алги

Дијатомејски алги

Дијатомеите (силикатни алги) се едноклеточни, фотосинтетски, еукариотски организми кои ги населуваат најразличните водени и влажни станишта. Тие можат да се сретнат на различни станишта како што се извори, потоци, реки, бари, блата, езера како и морски екосистеми. Исто така ти често ги населуваат и влажните станишта како што се влажни карпи, мовови, почва па дури и пештери. Клетката им е обвиткана со силикатен панцир (фрустула) која има специфично форма и орнаментација.

Според најновите истражувања на Пелистер се регистрирани 321 дијатомејски таксони. Од нив  16 таксони поседуваат морфолошки карактеристики различни од видовите кои се досега познати во достапната таксономска литература.