‘Рбетници

‘Рбетници

‘Рбетниците (Vertebrata, понекогаш и Craniata) се поттип на хордати (најсложено градени животински организми). За разлика од другите хордати, ‘рбетниците активно ја обезбедуваат храната. Овој активен начин на исхрана е овозможен, пред се, со развиениот скелет, сложените сетилни органи и диференцираниот черепен мозок.

             

‘Рбетниците развиле сетилни органи за слух, мирис и вид, како и оствариле развитокот на мозокот кој ја регулира целата активност на организмот. Имаат затворениот крвоносен систем снабден со контрактилен орган – срце. Интензивниот промет на гасовите е осигуран со добро развиени органи за дишење – жабри или бели дробови. Сите овие, како и некои други можности што ги стекнале ‘рбетниците во својот еволутивен развиток, дале можност да го достигнат врвниот степен на развитокот како животни.

             

Во Националниот парк Пелистер се присутни повеќе видови на: Риби (Piscium) – 2 вида,  Водоземци  (Amphibia) – 12 видови, Влекачи (Reptilia) – 16 видови, Птици (Аvium) – 116  и Цицачи (Mammals or Terrestrial vertebrates) – 47 видови.