Птици
Птици
Први податоци за орнитофауната на планината Пелистер датираат од 1903 и 1905 година од британскиот конзул во Битола, Јатеѕ Peter McGregor, кој водел белешки за птиците во околината на Битола. Притоа тој споменува 8 видови птици, меѓу кои најинтересни се податоците за жолтоклуната галка Pyrrhocorax graculus, брадестиот мршојадец Gypaetus barbatus, египетскиот мршојадец Neophron percnopterus u гнездо на големиот орел кликач Clongа clongа.
Иако птиците на Пелистер се истражувани и по Првата и по Втората Светска војна, може да се каже дека посериозна студија на орнитофауната во моликовите шуми на Пелистер прават Micevski & Stojanovski (1991), регистрирајќи 32 видови птици. Истражувачкото друштво на студенти биолози во 2001 година на Пелистер регистрира 56 видови птици (Велевски et а1. 2003). Заедно со други истражувања подоцна вкупниот број на видови на птици во НП Пелистер достигува 93.
Со последните иструвања во 2019 година со Твининг проектот од страна на литванските и финските истражувачи, како и истражувањата на домашните експерти за Студијата за ревалоризација на вредностите на НП Пелистер, добиена е листа од 116 видови на птици на Пелистер, од кои 5 порано биле присутни на Пелистер, а сега се исчезнати: брадест мршојадец, црн мршојадец, жолтоклуна галка, карполазач, планински сокол.
Најбогати со видови се дабовите шуми на НП Пелистер (51, од кои 48 гнездилки), по кои следат моликовите заедници, па буковите шуми и шумите на елата.
Видливо е малото учество на транзиторни видови, како и зимски гости, што се должи на фокусирањето на повеќето досегашни истражувања во гнездовиот период.