Печурка – Чешмата во дрво

Печурка – Чешмата во дрво
Местото Печурка е мала зарамнета површина на Пелистер веднаш после влезот во Националниот парк. Има неколку покриени клупи и маси со настрешници, и една чешма која истекува од едно старо суво дрво. Местото е наменето за рекреација и повеќето Битолчани тука доаѓаат да одморат и да се разладат во жешките летни денови или за празници. Се наоѓа на надморска височина од 1.000 метри и имарекреативна намена.