Магарево – Голема Ливада – Ротино

Магарево – Голема Ливада – Ротино

Магарево – Голема Ливада – Ротино и обратно:

Патеката започнува од селото Магарево и оди нагоре по асфалтниот пат село Магарево – Инфоцентарот на НП Пелистер, притоа има две алтернативи за кон село Ротино:

а) Магарево – Голема Ливада (долна патека) – Ротино

Надморска висина: Магарево – 1.105 м., долна патека под Големата Ливада – 1.120 м, Голема ливада – 1.181 м., Ротино – 1.049 м. 

Должината на патеката е околу 2,5 км.  Тоа е средно тешка патека за велосипедизам.

                        

Оваа патека оди по долната страна на излетничкото место Голема Ливада, се искачува по блага угорница и после Голема Ливада се вклучува на земјениот пат за село Ротино. На половина пат од таа делница, има ознака на левата страна, за друга велосипедска патека, која води до месноста Цапарска Пресека.

 

б) Магарево – Голема Ливада (горна  патека) – Ротино 

Надморска висина: Магарево – 1.105 м, при свртување кон Големата Ливада – 1.194 м, Голема ливада – 1.181 м, Ротино – 1.049 м.
Должината на патеката е околу 2,5 км.  Тоа е стедно тешка патека за велосипедизам.

           

       

Ако не се исклучите на првата табла и продолжите по асфалтниот пат нагоре кон Информативниот центар, по неколку серпентини на десната страна се покажува втората земјена патека, која е означена со табла: Голема Ливада. По заминувањето по овој макадам пат, се спуштате надолу до локалитетот Голема Ливада, продолжувате покрај планинската куќа и покрај Чешмата со настрешница (чешмата останува од вашата лева страна), и продолжувате по земјениот пат кој води до селото Ротино. На половна пат од таа делница, има ознака на левата страна, за друга велосипедска патека, која води до месноста Цапарска Пресека.

 

Обратна варијанта: Село Ротино – Голема Ливада – село Магарево

Оваа патека започнува од излезот на селото Ротино, кој води кон НП Пелистер, и води кон локалитетот Голема Ливада. Пред Голема Ливада велосипетската патека Ротино – Магарево се дели на две делници:

а) Делница – под Голема Ливада – Започнува од Ротино, се искачува благо кон Голема Ливада, се спушта под Голема Ливада, излегува на асфалтниот пат и слегува до селото Магарево

Ротино – под Големата Ливада – Магарево
Висина: Ротино – 1.049 м.  Голема Ливада – 1.181 м., под Големата Ливада – 1.120 м, Магарево – 1.105 м. 

Должината на патеката е околу 2,5 км.  Тоа е средно тешка патека за велосипедизам.

               

б) Делница – низ Голема Ливада (горна патека) – делницата оди покрај планинската куќа на Голема Ливада и се качува по горниот макадам пат кон асфалтниот пат Инфоцентар – село Магарево. Потоа, по асфалтот слегува до селото Магарево.

Надморска висина: Ротино – 1.049 м. – Голема ливада – 1.181 м, при излегување од Големата ливада на асфалтниот пат – 1.194 м, Магарево – 1.105 м, 

Должината на патеката е околу 2,5 км. Тоа е средно тешка патека за велосипедизам.