Инфоцентар – Големо Езеро

Инфоцентар – Големо Езеро

Велосипедската патека: Инфоцентар – Големо Езеро

     

Вкупна должина на Патеката е 22 км.

Стартна позиција: Инфоцентар на 1.350 м.н.в. Крајна точка: Големо Езеро на 2.218 м.н.в. Денивелација: 868 м.н.в.

Тежина на патеката: Средно тешка патека.

Патеката стартува од Инфоцентарот на НП Пелистер и се качува до Големо Езеро по планинскиот земјен пат кој води до Големо Езеро. Патеката се совпаѓа со постојниот планински пат и проаѓа покрај Камењарот пред Палиснопје, покрај одморалиштето Палиснопје, покрај месноста Цапарска пресека, оди покрај Планинарската куќа Широка (т.н. и Ловечка куќа), излегува на Широка и го врви местото наречено Семафори.  Кај семафори се дели патот и патеката кон Врвот Пелистер, а другиот крак продолжува по патот до Големо Езеро.

Дожнината на патеката Семафори е 15 км. Од Семафори до Големо Езеро има уште 7 км.

             

Патеката е визуелно многу атрактивна, проаѓа покрај врвот Козји Камен и долината на Цапарска река, има поглед кон Пелагонија. Од местото Семафори се отвора поглед и видливост кон Преспанското Езеро и кон Врвовите кои гравитираат на таа страна од Баба Планина: Два Гроба, Голема Чука, Мала Чука,  дел од Долината на Маловишка Река. Потоа се отвора поглед кон селата Крани и Арвати, на лево кон Врвот Марушица.

          

Флора и фауна: Доминантен дрвенест вид вдолж патеката е моликата или, македонскиот бор, (Pinus peuce Grisebah), и елата (Abies alba), папрадот, жолтата јаглика, качунката, полегнатиот каранфил, здравецот, линцурата, боровинката и сл., а од животинските видови може да се сретне, срна и срндак, мечка, волк, лисица, зајак, верверица, крт, повеќе видови птици, пеперутки, инсекти и др.

           

Кога ќе се продолжи по патеката (планинскиот пат) од лева страна се отвора поглед кон Дебел Рид, врвовите: Скрково, Муза и  Грива, а во долината под Врвот Пелистер се отвора поглед кон Црвени Стени и карпестите падини на планината, кои слегуваат кон селото Нижополе.

               

Патеката е целосно одбележана според планинарските стандарди. По поминувањето на малата висорамнина патот води до циркот на Големото Езеро, кое се наоѓа под Врвот Ветерница, а покрај езерото се наоѓа Планинарскиот дом, позната како Домот на Големо Езеро, а го носи името на алпинистот Димитар Илиевски – Мурато, првиот Македонец кој се искачи на Монт Еверест.