Инфо-центар Пелистер

Инфо-центар Пелистер

Информативниот центар на Пелистер се наоѓа на локалитетот 7-Кладенци, во објектот кој инаку е познат и како „Вилата на Лазо“. Првенствената намена на овој објект е информативна за посетителите на НП Пелистер, бидејќи располага со изложбен простор со две постојани изложби, сала за состаноци која е во фаза на опремување за симултан превод.

    

Информативниот центар е излетничко место со мал капацитет, но може да служи за еднодневни екскурзии од помал обем и посети на групи.

Информативнио центар се наоѓа во рамките на Ботаничката градина – Арборетум, кој е во фаза на доизградба. Во заградениот простор на Ботаничката градина, треба да бидат засадени околу 90 дрвенести растителни видови, кои можат да се најдат на Пелистер и Баба Планина. Се очекува во текот на втората половина на 2020 година, Ботаничката градина да отпочне официјално со работа и со прием на посетители.