Ски центар Нижеполе

Ски центар Нижеполе

Ниже Поле ски центарот е сместен над селото Ниже Поле на падините на Баба Планина на надморска висина од 1.300 – 1.610 m н.в. Од Битола до ски центарот Ниже Поле води асфалтен пат со должина од 15 km.

Ски центарот располага со три ски лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 патници на час.

Вообичаено ски сезоната започнува од почетокот на месец декември и трае до крајот на месец март.

Други информации за Ски центар “Ниже Поле”:

  • Надморски висини на стазите – 1.300 – 1.610 m
  • Должина на скијачките патеки под жичниците околу 5.500 м.
  • Кафе бар (бачило) (работно време секој ден од 08:00 – 16:00 h)
  • Патеки за почетници и за напредни скијачи

Контакт и повеќе информации

  • Ј.П. Стрежево Битола
  • бул. 1-ви Мај 77 – Битола
  • +389 47 207-800
  • +389 47 207-816
  • факс.: +389 47 207-836
  • e-mail: strezevo@t.mk

 

Село Нижеполе –

Нижеполе
Местоположба на Нижеполе во Македонија
Координати 41°0′39″N 21°14′44″EКоординати: 41°0′39″N 21°14′44″E
Општина Битола
Население 186 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1100 м
Нижеполе на општинската карта
Commons-logo.svg Нижеполе на Ризницата

Селската црква и училиштето на грчката пропаганда во почетокот на XX век

Викенд куќа во селото
Нижеполе — село во Општина Битола, во околината на градот Битола, во југозападниот дел на Македонија, во пазувите на планината Баба.

Географиja и местоположба
Селото Нижеполе се наоѓа на 1.100 метри надморска височина на ридско-планински терени на планината Баба. Оддалечено е 9,5 километри југозападно од Битола.

Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Нижеполе имало 2.030 жители, од кои 1.590 Власи, 250 Албанци христијани и 190 Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нижеполе имало 160 Македонци, егзархисти и 780 Власи патријаршисти и функционираат грчко и влашко училиште.

Според пописот во 2002 селото брои 186 жители, од кои:

Националност:

Власи 105

Македонци 47

Албанци 30

Романци 4