Детска (Едукативна) патека

Детска (Едукативна) патека
Детска (Едукативна патека) – Детско одморалиште – Голема Ливада
Должина на Патеката 2,3 км, Започнува на Паркингот пред Детското одморалиште и завршува на локацијата Голема Ливада, а се користи и во обратен правец.
Намената на патеката е пешачка, едукативна и рекреативна , а спаѓа во категоријата на лесни патеки.
Стартно место/надморска висина: Паркингот на Детското одморалиште 1.270 мнв.,
Крајна точка: Голема Ливада 1.180 мнв., со вкупна денивелација: 90 мнв.
Патеката проаѓа низ моликова шума (Pinus peuce Griz.), проаѓа низ рекреативната локација Мала Ливада, има училница на отворено за изведување на настава во природа, потоа проаѓа покрај Видиковец и продолжува до Голема Ливада. Вдолж патеката се поставени едукативни табли со ендемични и важни видови за флората и фауната на Пелистер.
Бидејќи локацијата Голема Ливада е често посетена со еднодневни екскурзии на ученици, Детската патека патека често се користи и во обратана насока, за прошетки од Голема Ливада до Детското одморалиште.