Oрганизирана посета во просториите на нашиот Инфо- центар на Националниот парк Пелистер

Oрганизирана посета во просториите на нашиот Инфо- центар на Националниот парк Пелистер

По иницијатива и организација на СОЕУ „Јане Сандански“- Битола и д-р на историски науки Емилија Кирјаковска, која е координатор на проектот „Cultural Heritage and ICT“ од Еразмус + програмата, беше организирана посета на ден 7.10.2022 година во просториите на нашиот Инфо- центар на Националниот парк Пелистер и историската патека од Првата светска војна.
Присутни беа и патнерите на проектот составени од ученици и професори од Литванија, Турција (Анкара и Анталија), Романија и Португалија.
Претставено им беше нашето природно и културно наследство преку изложбената поставка од флората и фауната, колекција на препарирани животни, како и мал хербариум и инсектариум со најзначајните и ендемичните растенија и инсекти во Национален парк Пелистер, како и историските настани поврзани со Првата светска војна. Исто така беше посетена и историската патека за Првата светска војна на Пелистер, каде преку едукативни паноа им беше објаснато за Битола во рамките на Војната и македонскиот фронт.