Да го запознаеме Националниот парк Галичица и Мониторинг на квалитетот на водите во Преспанското езеро

Да го запознаеме Националниот парк Галичица и Мониторинг на квалитетот на водите во Преспанското езеро

👉 Националниот парк Пелистер е посветен на еколошка едукација и подигање на јавната свест за заштита на природата, развивање на позитивни еколошки практики и однесување во природа 👈
👉Нашето знаење во соработка со заштитените подрачја НП Галичица и Парк на природа Езерани-Општина Ресен, го пренесуваме на идните генерации за зачувување на природните убавини, одржување на недопрената природа👈
💙Учениците од ОУ Ѓорѓи Сугарев од Битола имаа можност да го посетат НП Галичица (од делот на Преспа) и Мониторинг станицата за следење на на квалитетот на водите во Преспанското езеро 💙
👉 Се запознаа со клучните информации за НП Галичица кои ги пренесе биологот Ангела Тасеска и ренџерот Александар Гугоски во Информативниот центар во с. Стење 👈
👉Улогата на мониторинг станицата за Преспанското езеро и зачувувањето на биодиверзитетот
беа пренесени од раководителот Ајман Алмала👈
🍀Учениците имаа можност да стекнат вештини во решавање на проблеми, критичко размислување и тимска работа кои им се потребни да се поврзат со природата благодарение на фондацијата ПОНТ/PONT (Prespa Ohrid Nature Trust) 🍀